Македонија
СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ со нула проекти, затоа за Ќосето се фатија
Една и пол година кадрите на шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски во над 40 општини во државата не работат ништо, освен што ги задолжуваат и партизираат општините, удираат по џебот на граѓаните со покачување на цените на комуналните услуги, обвини владејачкиот СДСМ.
„Со градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните наместо развој и реализација на најавените капитални проекти, добија НУЛА проекти, безидејност и стагнација. Бидејќи, освен неспособност и неработење немаат што да покажат се фатија за споменикот на Ќосето, клучниот симбол на груевизмот, споменикот на егзекуторот на ВМРО, џелат кој извршувал нарачки за убиства кој, стоеше пред палатата на правдата, како порака, што може да ги снајде сите кои мислат поинаку.
Прво градоначалничката на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Левицата, Данела Арсовска, бараше споменикот на Ќосето да биде вратен на претходната локација. Потоа, Советот на Општина Аеродром, на предлог на Левицата, со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, усвои иницијатива со која ќе побара од Собранието поставување на споменикот на Андон Лазов Јанев-Ќосето на територијата на Аеродром“, велат од партијата.
Оваа иницијатива, како што велат, е само уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица се доследни на тоталитарната идеологија на бегалецот во Будимпешта, Никола Груевски.
Според СДСМ, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, наместо со нови капитални инвестиции, ги враќаат старите споменици со спорна симболика.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

