Црна хроника
Притвор за три лица за недозволена трговија со марихуана

Три лица осомничени за недозволена трговија со марихуана. По претходен договор, тие организирале пренос на дрогата, соопшти полицијата.
Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица, на кои им се става товар дека како соизвршители сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Осомничените, на возраст од 37, 21 и 18 години, по претходен договор, организирале пренос на наркотична дрога марихуана. Првиот осомничен ги ангажирал другите двајца и им го дал своето возило на управување. На 5 април сите тројца во два автомобила тргнале од Скопје кон Неготино. Таму осомничениот неовластено набавил над 71 килограм марихуана, спакувана во четири патни торби. Дрогата ја ставиле во еден од автомобилите и тргнале да се враќаат кон Скопје.
Во текот на истражната постапка, по насоки на јавниот обвинител, веќе се преземаат дејства за да се утврди каде лицата ја набавиле дрогата. Постапувајќи по предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци на трите лица синоќа им определи мерка притвор во траење од 30 дена, информираат надлежните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полициска акција во Штип: пронајдени автоматски пушки, приведени тројца млади

Полицијата ги приведе Е.Д.(21), Н.Р.(38) и 26-годишната В.М., сите од Штип.
Постапувајќи по претходно добиени сознанија и со согласност на Е.Д., полициските службеници извршиле претрес во неговиот дом, каде биле затекнати Н.Р. и В.М., при што пронашле и одзеле три автоматски пушки калибар 7,62мм, пет метални рамки за автоматска пушка со по 30 куршуми калибар 7,62мм и две метални рамки за автоматска пушка со по 20 куршуми калибар 7.62мм.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно доументирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Две жртви во два автобуса: украдени паричник и накит од патнички во Скопје

Две кражби со насилство се пријавени во aвтобус во Скопје за само еден ден. Во Чаир, додека се возела во автобус, М.К. (48) од Скопје останала без паричник со пари, лични документи и други предмети, кои ѝ биле одземени од нејзината чанта.
На подрачјето на Центар, В.З. (20) од Скопје пријавила дека, додека излегувала од автобус, едно лице ѝ го одзело личниот накит со употреба на сила. Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Малолетник нападнат на училишно игралиште од татко на друго дете во Карпош

Во Карпош, на училишно игралиште, малолетно дете било физички нападнато од татко на друго дете, со кого претходно имало конфликт.
Случајот го пријавила мајката на детето, А.Р. (41) од Скопје, а полицијата презема мерки за расчистување на настанот.