Македонија
10 април, вториот ден на Велигден, неработен за граѓаните од католичка вероисповед
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека во согласност со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр. 21/98 и 18/07), 10 април 2023 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Невреме со силен дожд, град и грмотевици во Скопје
Скопје вечерва го зафати силно невреме проследено со силен ветер, грмотевици и град на некои места.
Во моментов силен дожд, проследен со грмотевици и ситен град има во скопската населба Карпош, Ѓорче Петров и Кисела Вода.
„Нестабилната маса од Полошкиот регион се приближува кон западниот и северозападниот дел од Скопје. Од појави моментално има силен ветер, а се очекува наскоро и пороен дожд и грмежи“, најавија претходно од УХРМ.
Се препорачува граѓаните да не бараат засолниште од дождот под осамени дрвја.
Претходно со силно невреме беше зафатен Полошкиот регион.
Македонија
На Велешко езеро Младост непозната материја лебди на неговата површина, велат од Левица
Во Велешко езеро „непозната материја” лебди на неговата површина. На својот Фејсбук профил Игор Смилев, член на политичката партија Левица во Велес соопшти дека на езерото лебди материја која зафаќа во дел од денот и над 50% од водната површина.
„И после повеќе од три недели од еколошката голгота низ која поминува велешкото езеро ” Младост” се уште нема официјални резултати каква “непозната материја” плива на неговата површина. Мустрите се земени одамна и го “чекаме Годо” да дојде и да ни ги соопшти. Или можеби се подготвува убаво наштелуван експертски текст во кој кабелот ќе биде крив или во најмала рака алгите, крапот и сомовите. Небаре фисија и фузија на атомот на водата се прави. Колку за илустрација. Резултатите од испитувањето на Примероците од троската од Велешката топилница(земени лично од велешки активисти на ЕГ Грин Пауер на 28 февруари 2024) беа готови за неполни три недели и соопштени транспарентно“, пишува Смилев.
Претходно имаше информација дека има угинати риби во езерото, а причините за поморот не беа соопштени.
Македонија
Пријави за штети од невреме во Тетовско, има опасност од поплавување на семејни домови
Регионалниот ЦУК Тетово информира дека на Единствениот повикувачки број 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) се добиени приајви за последици од невремето во Тетовско.
На 112 во ЦУК е добиена пријава од вработен во ресторан „Шари“, Лисец (Општина Тетово) кој информира за оштетување на повеќе коли од невремето, на паркингот на угостителскиот објект. Се очекува увид од надлежните служби.
Во 19:49 часот е добиена пријава на 112 во ЦУК дека во повеќе дворови на ул „Иво Лола Рибар“ во Тетово има влезено вода од улицата после оболните дождови. Има материјална штета.
На 112 во ЦУК е добиено известување за излевање на водата од канализацијата на ул. „169“ во Тетово. Водата што се излева од канализација навлегува во дворовите на жителите во ова подрачје и преставува опасност за поплавување на нивните семејни домови.
Добиена е информација на 112 во ЦУК за поплавени подруми од семејни куќи на ул. „172“ во правец кон Сточниот пазар во Тетово.
Инаку, од УХМР известуваат дека Полошкиот регион е зафатен од нестабилна воздушна маса проследена со обилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на дпжд и град („суградица“). Исто така, од Радарски центар „Ѓуриште“ телефонски известија во ЦУК дека иста е состојбата и во Гостиварско и во Кумановско, како и дека нестабилната облачна маса се движи кон Србија.