Македонија
Маричиќ: Нашата генерација има обврска да ја заокружи македонската интеграција со членство во ЕУ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ по повод триесет години од членството на Северна Македонија во Организацијата на обединетите нации на порача дека оваа генерација има обврска да ја заокружи македонската интеграција во Европската Унија.
– Денес одбележуваме три децении членство во Обединетите нации како држава членка на НАТО и земја која ги започна преговорите со Европската Унија. Тоа и нè обврзува да ја задржиме динамиката на евроинтеграциите и да ја завршиме македонската интеграција во големото европско семејство, стои на Фејсбук објавата на вицепремиерот Маричиќ.
Тој вели дека заложбата за подобар свет, во кој владеат мирот, стабилност, толеранцијата, солидарноста, Северна Македонија ја прави пример за дипломатија и дијалог.
– 30 години сме етаблирана држава на меѓународната сцена, со признаена култура, посебност и идентитет. Остануваме посветени на нашите клучни цели и вредностите на Обединетите нации, како одржувањето на меѓународниот мир и безбедност, унапредување на човековите права, зајакнување на социјалниот и економскиот развој, посочува Маричиќ.
Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ пишува дека со говорот во ООН во 1993, тогашниот претседател Глигоров ги зацрта стратешките цели и приоритети на државата, и побара сите „заеднички да застанеме пред предизвиците и да ги направиме можност за брзо да напредуваме во преговорите со ЕУ, а Северна Македонија да ја направиме рамноправен партнер со земјите членки на ЕУ“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).