Спорт
Болоња ја шокираше Аталанта, Кремонезе и го препушти фенерот на Сампдорија

Болоња и Кремонезе славеа како гости во Бергамо, односно Џенова, во 29.коло во Серија А. Болоња ја оддалечи Аталанта од борбата за место во Лигата на шампионите, додека Кремонезе прв пат од почетокот на сезоната не е последен на табелата.
Фудбалерите на Болоња направија изненадување во Бергамо каде го совладаа тимот на Аталанта со резултат 2:0.
Избраниците на Тиаго Мота беа рамноправен ривал во првото полувреме, а за добрата игра се наградија на самиот страт од вториот дел. Никола Сансоне постигна гол во 49.минута. Конечниот резултат го постави Рикардо Оросолини во 84.минута.
Кремонезе на „Луиџи ферарис“ во Џенова ја победи Сампдорија со 3.2 Сампдорија два пати имаше предност, со головите на Мехди Лерис во 15. минута и Сам Лемерс во 66.минута. Паоло Гилоне израмни на 1:1 во 35.минута, а за 2:2 погоди Лука Локошвили.
Во 95.минута Леонардо Серникола ги шокираше домаќините. Постигна гол со кој на Кремонезе му ја донесе втората победа оваа сезона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Пјастри му ја подари победата на Норис, Хулкенберг е херојот во Британија

Ландо Норис го искористи подароот од тимскиот колега Оскар Пјастри и победи на трката за Големата награда на Велика Британија. Тркањето на култната патека во Силверстоун ја обележа безбедносното возило, кое шест пати излезе на патеката и брилијантниот Нико Хулкенберг кој го комплетираше подиумот.
Трката која се возеше по тешки услови, требаше, но не ја доби Пјастри. Австраиецот направи глупава греша додека безбедносното возило беше на патеката, поради што доби казна од 10 секунди, што му овозможи на Норис да ја забележи осмата победа во кариерата.
Херој на денот е Хулкенберг од Заубер, во 239 настап во Ф1 трка прв пат се искачи на подиумот. Германецот трката ја започна од 19. позиција.
Бодови во Британија освоија Хамилтон, Ферстапен, Гасли, Строл, Алонсо, Албон и Расел.
Во првенството сега следува пауза од три недели. Следната трка ќе се вози во Белгија на Спа Франкошамп.
Foto/ EPA/PETER POWELL
Спорт
Осимен реши да остане во Истанбул

Виктор Осимен донесе (не) очекувана одлука каде ќе ја продолжи кариерата.
Нигерискиот напаѓач имаше бројни понуди од клубови ширум светот, но сепак, одлучи да остане во Галатасарај.
Осимен одби многу попрофитабилни понуди, како оние од Саудиска Арабија. Тој сакаше да остане во Европа и на крајот ќе го стори тоа, но не во најголемите европски лиги.
Осимен и Галатасарај постигнаа договор за условите, но турскиот клуб сега има уште еден проблем.
Галата треба да му плати на Наполи 75.000.000 евра и тоа е проблем. Турскиот клуб сега се обрати до разни компании низ целата земја за да собере пари за Нигериецот.
Foto/ EPA-EFE/ERDEM SAHIN
Спорт
(Видео) Зубименди во Арсенал

Арсенал во неделата објави дека потпишал договор со шпанскиот фудбалер Мартин Зубименди.
Дефанзивниот играч од средниот ред, кој играше 19 пати за шпанската репрезентација, е производ на младинската академија на Реал Сосиедад, а е член на првиот тим на баскискиот тим од 2018 година.
За тимот од Аноета одигра 236 натпревари и постигна десет голови. Од неговиот трансфер, Сосиедад ќе заработи над 50 милиони фунти.
Со Зубименди, Арсенал ја продолжи традицијата на доведување шпански фудбалери, пред него дресот на лондонскиот клуб го носеа Сеск Фабрегас, Хозе Антонио Рејес, Хектор Белерин, Санто Казорла, Дани Себаљос, Микел Артета (сега тренер), Начо Монреал, Мануел Алмунија, Давид Раја, Микел Мерино…
Foto/ EPA-EFE/RONALD WITTEK
Controlling the tempo.
Martin Zubimendi is a Gunner ✊
Original music by Ezra Collective's Femi Koleoso. pic.twitter.com/sYbDanRUnT
— Arsenal (@Arsenal) July 6, 2025