Спорт
Челси и дале 35 милиони фунти на Грановскаја за „помош“ при продажбата
Објавените детални сметки на Челси откриваат дека клубот платил 35 милиони фунти на поранешната директорка на клубот, Марина Грановскаја за „услуги поврзани со продажбата“ на клубот.
Американскиот конзорциум предводен од Тод Бели го купи клубот од рускиот милијардер Роман Абрамович по санкциите кои ги воведе британската влада, по што Грановскаја и поранешниот претсеедател на клубот, Брус Бак беа отпуштени. Грановскаја беше „десна рака“ на Абрамович и го водеше клубот како одговорна за трансфери и крупни стратешки одлуки.
Челси имааат оперативни загуби од фантастични 235 милиони фунти за сезоната 2021/22, со вкупни загуби од над милијарда фунти, како прв премиерлигашки клуб кој стигнал до оваа сума.
По преземањето на клубот, Бели пороши 368 милиони фунти на 18 нови фудбалери и „реорганизирање на менаџерскиот тим“. Јануарските купувања, кои достигнуваат 323 милииони фунти не се опфатени со овие документи и ќе се појават во пресметката за следната година.
Revenue ⬆️ £46m following end of lockdown
Costs include almost £77m of player transfer write downs following some dud signings and £18m legal dispute pic.twitter.com/748VY3GO10— Kieran Maguire (@KieranMaguire) April 9, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Авто-слалом во Кичево: Возбудливо натпреварување со јангтајмери со над 40 учесници
Во рамки на годинешниот календар на Националната Федерација на историски возила на Македонија, на 8 и 9 ноември се одржаа третото и четвртото TSD (брзина, спретност и прецизност) авто-слалом натпреварување – Кичево 3 и 4. Настаните се дел од шампионатот на Македонија за 2025 година во оваа категорија.

По повеќе години пауза, Кичево повторно го почувствува духот на моторните трки – на стартот се појавија околу 40 натпреварувачи од различни клубови, распределени по класи според кубикажата. И покрај лошите временски услови, бројна публика ги бодреше учесниците до самиот крај.
🏆 Резултати
Класа 1 (до 1200 cm³)
Александар Марковски – Пежо 205 (ОТК Скопје)
Класа 2 (до 1600 cm³)
Мојсије Милосавлевски – Даихатсу Шараде (ОТК Скопје)
Владимир Кулушиќ – Рено Меган (ОТК Класика Прилеп)
Даниел Даневски – Пежо 206 (ОТК Скопје)
Класа 3 (над 1600 cm³)
Кире Ставров – Фијат Пунто (ОТК Класика Прилеп)
Кристијан Василев – Ауди 80 (ОТК Скопје)
Лазар Стојаноски – Нисан Премиера (ОТК БМВ Скопје)
Класа 4 (тркачки возила)
Влатко Костовски – Опел Астра (ОТК Скопје)
Мојсије Милосавлевски – Југо 55 (ОТК Скопје)
Димитар Димески – Фијат Сеиченто (ОТК Класика Прилеп)

Пласман на клубови:
ОТК Скопје
ОТК Класика Прилеп
ОТК БМВ Скопје
Натпреварите ги отворија градоначалникот Александар Јовановски и претседателот на Федерацијата, Мојсије Милосавлевски, кои ги претставија идеите за ревитализација и мултифункционалност на автодромот Кичево.

Спорт
Атлетико Мадрид има нов сопственик
Иневстицискиот фонд Аполо Спортс Капитал е новиот мнозински акционер на Атлетико Мадрид, објави шпанската прва фудбалска лига.
„Атлетико Мадрид и неговите главни акционери, Мигел Анхел Хил, Енрике Серезо, Квантум Пацифик Груп и фондовите управувани од Арес Менаџмент, постигнаа договор Аполо Спортс Капитал (ASC), глобална компанија за спортски инвестиции, да стане мнозински акционер на нашиот клуб“, објави клубот.
Четирите поранешни главни акционери ги намалија своите удели за да му дозволат на новиот инвеститор, сега најголемиот акционер на клубот, да стекне удел. Клубот објави дека Мигел Анхел Хил и Енрике Серезо ќе продолжат да го водат Атлетико како извршен директор и претседател на одборот и ќе останат акционери, гарантирајќи го континуитетот и визијата на проектот и нивното водство.
„Инвестицијата на ASC ќе ја зајакне позицијата на нашиот клуб меѓу фудбалската елита и ќе ја поддржи нашата амбиција да постигнеме долгорочен успех за милиони наши фанови низ целиот свет. Акционерите планираат да обезбедат нов капитал за поддршка на долгорочните планови на клубот, вклучувајќи понатамошни инвестиции во тимот и големи инфраструктурни проекти.
Ова вклучува развој на Градот на спортот, нов спортски и забавен центар веднаш до стадионот „Ријад Ер Метрополитано“.
„Целта на овој проект е да стане светска дестинација за спорт, слободно време, култура и социјални активности“, се додава во соопштението.
Финансиските детали од договорот не се откриени, а пазарните проценки за вредноста на Атлетико се движат помеѓу 2,5 и 3 милијарди евра, врз основа на неодамнешните финансиски резултати, вредни земјишни средства и конзистентно учество во Лигата на шампионите во текот на изминатите 13 сезони.
Аполо е брзорастечка, глобална компанија за управување со средства. Според најновите податоци, Аполо има приближно 908 милијарди долари средства под управување.
Спорт
Почнуваат пријавите за јубилејното 10. издание на „Охрид трчаТ“
На 12 ноември 2025 година официјално започнуваат пријавите за јубилејното десетто издание на еден од најголемите спортско-рекреативни настани во Македонија – „Охрид трчаТ“, кое ќе се одржи викендот 5-7 јуни, 2026 година.
„Охрид трчаТ“ слави 10 години постоење, инспирација, пријателства и незаборавни моменти што го претворија настанот во вистински симбол на заедништво, енергија и љубов кон трчањето и градот Охрид.
„Во изминатата деценија, низ улиците на нашиот град поминаа илјадници тркачи од земјата и од светот. Заедно создадовме движење кое ги поврзува луѓето, ги руши границите и ја промовира Македонија како спортска дестинација“, велат организаторите на настанот.

Додаваат дека овој јубилеј е празник на сите, тимот на Охрид трчаТ, тркачи, волонтери, партнери, институции, и над сè, граѓаните на Охрид, кои секоја година заедно со сите нас ја раскажуваат една од најубавите спортски приказни во Македонија.
„Пријавувањето за јубилејното издание на Охрид трчаТ 2026 се врши онлајн преку нашиот систем за регистрација, достапен на официјалната веб-страница www.ohridtrchat.com ,брзо, едноставно и достапно за сите“, се додава.
Со отворањето на пријавите, ги повикуваат сите граѓани, тркачи, спортисти, компании и пријатели на трчањето да се регистрираат и да бидат дел од ова големо јубилејно издание.

