Македонија
ВМРО-ДПМНЕ е против ЕУ, заложништвото на Мицкоски си го направи своето, велат од СДСМ
ВМРО-ДПМНЕ е силно против интеграцијата во Европската Унија, истакнуваат од владејачкиот СДСМ.
Очигледно е, како што велат, дека заложништвото на Христијан Мицкоски кон Димитар Апасиев и Левицата си го направи своето.
Според СДСМ, тие двајца се единствените што се против ЕУ и европската иднина на државата и нејзините граѓани и Мицкоски секојдневно тоа го потврдува.
„Апасиев го вози Мицкоски, тој е негова инспирација и со него се натпреварува како да го закочи патот кон ЕУ и кој поголема штета ќе предизвика на државата, на идните генерации. СДСМ заедно со граѓаните, заедно со сите проевропски партии во земјата тоа нема да го дозволи.
Подготвени сме, ќе бидеме предводник на проевропската коалиција и во иницијативата да се направат сите неопходни реформи и уставни измени за да го продолжиме патот кон Европа“, додаваат од СДСМ.
Оценуваат дека деструкциите на двоецот Мицкоски – Апасиев повторно ќе бидат поразени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски по предлогот да биде министер: Ја прифаќам одлуката која за мене е голема одговорност и обврска кон сите вас
Досегашниот министер за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски, е предлогот за истата оваа функција во новата влада.
„Вечерва по предлог на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Извршниот и Централниот комитет донесоа одлука со која сум предложен за министер за внатрешни работи во новата Влада. Со огромна чест ја прифаќам оваа одлука, која за мене претставува голема одговорност и обврска кон сите вас“, напиша Тошковски.
Тој се заблагодари на Мицкоски, како и на сите членови на Извршниот и Централниот комитет за довербата и поддршката која му ја укажаа.
„Ветувам дека ќе работам неуморно за подобрување на условите за живот на сите граѓани и за обезбедување на безбедна, просперитетна и праведна Македонија, дополни Тошковски.
Македонија
Во вторник на 18 јуни до Собранието ќе биде доставен официјалниот список со членовите на новата влада
Во вторник на 18 јуни до Собранието ќе биде доставен официјалниот список на членовите на новата влада, а мандатарот Христијан Мицкоски вечерва рече дека гласањето за новата влада очекува да биде во текот на следниот викенд, 22-23 јуни.
Мандатарот за состав на влада и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва на прес-конференција ги соопшти имињата за кадровските решенија во новата влада од коалицијата „Твоја Македонија“, што вечерва беа потврдени од Извршниот и Централниот комитет на партијата.
Тој рече дека нивна работа е да се врати Македонија на народот и дека доаѓаат убави времиња за народот.
Тој ги соопшти имињата на новите министри во македонската Влада.
Министер за транспорт и потпретседател на Влада – Александар Николоски
Министер за одбрана – Владо Мисајловски
Министер за финансии – Гордана Димитриовска Кочоска
Министер за надворешни работи и надворешна трговија – Тимчо Муцунски
Министер за локална самоуправа – Златко Перински
Министер за информатичко општество и дигитална трансформација – Стефан Андоновски
Министер за спорт – Борко Ристовски
Министер за енергетика, рударство и минерални суровини – Сања Божиновска
Министер за земјоделие, шумарство и водостопанство – Цветан Трипуновски
Министер за култура и туризам – Зоран Љутков
Министер за внатрешни работи – Панче Тошковски
Министер за образование и наука- Весна Јаневска
Министер за политички систем – Љупчо Димовски
Министер задолжен за односи меѓу заедниците – Иван Стоилковиќ
Министер задолжен за интеграција и имплементација на Декадата на Ромите – Шабан Салиу
Мицкоски го доби мандатот од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на 6 јуни и има рок од 20 дена до Собранието да достави програма и предлог состав на владата.
Собранието закажува седницата за избор на нова влада во рок од 15 дена по добивање на предлогот, а расправата трае најмногу два дена.
Македонија
Мицкоски ги соопшти петнаесетте предлози со имињата на министри во неговата влада
Мандатарот за состав на влада и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција ги соопшти имињата за кадровските решенија во новата влада од коалицијата „Твоја Македонија“, што вечерва беа потврдени од Извршниот и Централниот комитет на партијата. Тој рече дека нивна работа е да се врати Македонија на народот и дека доаѓаат убави времиња за народот.
„Го немаме луксузот да не се успее, ниту пак да се прават репризи на минати владеења каде ќе се загуби врска со единствениот суверен, народот. Во овие луѓе кои ги предлагам имам голема надеж и не чека мнпогу работа. Мора да ги засукаме ракавите оти состојбите се очајни“, изјави Мицкоски.
Тој ги соопшти имињата на новите министри во македонската Влада.
Министер за транспорт и потпретседател на Влада – Александар Николоски
Министер за одбрана – Владо Мисајловски
Министер за финансии – Гордана Димитриовска Кочоска
Министер за надворешни работи и надворешна трговија – Тимчо Муцунски
Министер за локална самоуправа – Златко Перински
Министер за информатичко општество и дигитална трансформација – Стефан Андоновски
Министер за спорт – Борко Ристовски
Министер за енергетика, рударство и минерални суровини – Сања Божиновска
Министер за земјоделие, шумарство и водостопанство – Цветан Трипуновски
Министер за култура и туризам – Зоран Љутков
Министер за внатрешни работи – Панче Тошковски
Министер за образование и наука- Весна Јаневска
Министер за политички систем – Љупчо Димовски
Министер задолжен за односи меѓу заедниците – Иван Стоилковиќ
Министер задолжен за интеграција и имплементација на Декадата на Ромите – Шабан Салиу
Мицкоски на прес-конференцијата рече дека ќе биде тешко, но дека ако требало да биде лесно ќе бил некој друг, а не ВМРО-ДПМНЕ.