Црна хроника
Повеќе лица, меѓу нив и малолетници, повредени во сообраќајна незгода во Светиниколско
Вчера, во 16.25 часот, во ОВР Свети Николе било пријавено дека на регионалниот пат Свети Николе – Овче Поле, кај патот за „Лозарство“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со светиниколски регистарски ознаки, управувано од С. К. (42) од Свети Николе, и патничко возило „фиат уно“, со штипски регистарски ознаки, управувано од 17 – годишник од Свети Николе.
Во несреќата тешки телесни повреди добил малолетникот, а телесни повреди добиле возачот С. К. и сопатниците од возилото „фиат уно“, Н. Т. (18) од с. Ерџелија и уште тројца малолетници, констатирани во Медицинскиот центар во Штип. Извршен бил увид од екипа од Полициската станица Свети Николе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Фатен бегалец од КПУ Затвор Куманово
На 02.10.2024 околу 22.30 часот во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода А.А. (26) од Скопје, кој по наредба од Основен кривичен суд Скопје бил баран поради бегство од КПУ Затвор Куманово, а бил осуден на казна затвор од четири години и седум месеци во врска со чл.215 ст.3 за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Исто така, А.А. бил баран и во врска со кривично дело по чл.259 (изнуда). Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.
Црна хроника
Кривична против скопски градоначалник и пет вработени во општина: овозможиле фирма да стекне противправна имотна корист
Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за економски криминал и корупција во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против градоначалник на една скопска општина, пет лица вработени во Секторот за урбанизам во истата општина и правно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Имено, по поднесено барање за утврдување на правен статус на бесправен објект од страна на пријавеното правно лице, пријавените пет вработени во општината излегле на местото, бил изготвен записник за увид на место, во кој спротивно на Законот за градење и Законот за утрдување на правен статус на бесправно изградени објекти, констатирале дека наводно објектите за спорт и рекреација – тениски игралишта ги исполнуваат условите за нивна легализација, иако таков вид на објекти се времени објекти и не можат да бидат предмет на легализација, по што изготвиле и заедно со пријавениот градоначалник потпишале урбанистичка согласност, а по плаќањето на одредениот данок на имот, изготвиле и потпишале решение за утврдување на правен статус на бесправен објект.
На тој начин му овозможиле на пријавеното правно лице да ги запише наводно бесправните објекти во вкупна површина од 3993 метри квадратни, односно да се стекне со противправна имотна корист во износ од 147.341.700 денари.
Црна хроника
Извршен увид на местото на тешката сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Битола, ќе биде извршена обдукција на телата на починатите
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола во која утрово три лица го загубија животот, а едно е повредено.
Според првичните сознанија, до несреќата дошло при судар на патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски ознаки и товорно возило „волво“ со скопски ознаки. Причините за несреќата се утврдуваат.
Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатите, сите патници во автомобилот, како и за испитување на примероци од крв и урина од возачот на камионот. Наредено е и сообраќајно-техничко вештачење за утврдување на причините.