Македонија
Умерено облачно и ветровито време, со температури до 18 степени
Времето утре ќе биде сончево со умерена облачност, во североисточните делови со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а по должината на Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје умерено облачно и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 16 степени.
До четврток времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура. В петок под влијание на атмосферски фронт на повеќе места се очекуваат поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. В сабота ќе настапи преодно стабилизирање, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од неколку скопски населби без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа без напојување со електрична енергија ќе останат:
• од 06:00 до 07:00 часот, корисниците од населбите: Топанско Поле, Чаир, Бутел, Визбегово и Индустриската зона – Визбегово (Општина Чаир и Општина Бутел)
• од 08:30 до 12:00 часот, корисниците од населените места: Кожле, Бадар. Катлановско Блаце како и Тунелот Ктланово на автопатот Велес – Скопје. (Општина Петровец)
• од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од улиците: Наум Чакаров и Борис Сарафов. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Прекинато водоснабдување во Општина Гази Баба и Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје известуваат дека денеска (вторник), поради дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-150 мм во парк шума Гази Баба, од 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: 16-та Македонска Бригада, Трифун Хаџијанев, Ташко Караџа, Христо Ботев, Јани Лукровски и дел од Бапчор. (Општина Гази Баба)
поради изведување на водоводен приклучок -80 мм на ул. 9-ти Мај прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици : 9-ти Мај, Христо Смирненски, Петар Попарсов, Костурски Херои, дел од бул. Теодосие Гологанов и Борка Талевски.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности. (Општина Центар)
Најавениот прекин во водоснабдувањето, зa 23.09.2024, односно санацијата на дефект на ул. Франклин Рузвелт 60 , поради технички причини се одложува за 24.09.2024. Прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Франклин Рузвелт и потегот од Орце Николов до бул. Партизански Одреди од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот. (Општина Центар)
Македонија
Без струја делови од Скопје
Од ЕВН – Скопје известуваат дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа денеска, (вторник), без напојување со електрична енергија ќе останат:
од 06:00 до 07:00 часот, корисниците од населбите: Топанско Поле, Чаир, Бутел, Визбегово и Индустриската зона – Визбегово (Општина Чаир и Општина Бутел)
од 08:30 до 12:00 часот, корисниците од населените места: Кожле, Бадар. Катлановско Блаце како и Тунелот Катланово на автопатот Велес – Скопје. (Општина Петровец)
од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од улиците: Наум Чакаров и Борис Сарафов. (Општина Ѓорче Петров)