Македонија
Османи – Гарибашвили: Претседателството со ОБСЕ активно се ангажира за поддршка на луѓето од конфликтните региони
Претседателството со ОБСЕ континуирано и активно се ангажира со раселените, жените и за младите погодени од конфликтите, како и со лицата што живеат во изолираните и загрозените областите. Нивните размислувања и грижи се многу важни.
Ова го истакна претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, на денешната средба со премиерот на Грузија, Иракли Гарибашвили.
„Во тој контекст е и пораката на нашето претседателство – ‘за луѓето се работи’. Го охрабрувам активното учество на Тбилиси и постојаниот прагматизам со цел да се унапредат клучните прашања и да се искористат сите можности за дијалог со крајна цел подобрување на состојбата на сите луѓе погодени од конфликти“, рече Османи на средбата со Гарибашвили.
Османи пред премиерот повторно ја истакна својата поддршка за решавање на овие прашања преку клучните дипломатски канали за дијалог осврнувајќи се на меѓународните дијалози во Женева и на механизмот за спречување и одговор на инцидентите.
Покрај тоа, ОБСЕ активно е вклучен и во претставување нови мерки за градење доверба и иницијативи за дијалог, особено поврзани со младите, и воспоставување блиски односи со сите засегнати страни, рече Османи.
„Сакам да ја истакнам соработката и со министерката за помирување и граѓанска еднаквост, Теа Ахвледијани, со која остварив средба, на која исто така разговаравме за унапредување на процесите за мирно и одржливо решавање на конфликтите. Мора да продолжиме по патот што води до мир“, рече Османи.
Покрај со премиерот и со министерката за помирување и граѓанска еднаквост, Османи се сретна и со претседателот на парламентот на Грузија, Шалва Папуашвили, со кого разговараше за важноста од постоење политички плурализам за решавање на горливите прашања.
Со ова претседавачот со ОБСЕ ја заврши агендата во Грузија, од каде што посетата на Јужен Кавказ ќе ја продолжи во Баку, Азербејџан, каде што исто така ќе оствари средби со државниот врв.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

