Спорт
Ракометарките бркаат негатива од два гола и Светско првенство

Македонската женска ракометна репрезентација денеска треба да ја надмине негативата од два гола од поразот во воведниот натпревар во бараж двомечот со Украина за да обезбеди пласман на Светското првенство кое годинава ќе се одржи декември.
На првиот натпревар, во Скопје, македонските ракометарки одиграа исклучително лошо прво полувреме, по што успеаја да фатат резултатски приклучок и да ја намалат негативата на теоретски достижни два гола. Поразот во „Борис Трајковски“ беше 22:24.
Македонската репрезентација учествуваше на претходното Европско првенство како еден од ко-домаќните. Баражот против Украина е можност за фаќање ритам во учествата на големите натпреварувања, нешто што одамна не му се случило на македонскиот женски ракомет.
Со оглед на ситуацијата во нивната земја, на реваншот, Украинките ќе бидат домаќини во унгарскиот град Кишварда. Натпреварот почнува во 17 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Њукасл се распрашува за Кен
Напаѓачот на Фиорентина, Мојс Кен, ја игра најдобрата сезона во кариерата. Во досегашниот тек од сезоната постигна 16 голови во Серија А, со што го собори својот личен рекорд. Неговата форма не минува незабележано во Европа.
Италијанските медуми тврдат дека е можно Кен да се врати во Премиер лигата. Пред неколку сезони го носеше дресот на Евертон.
Според овие извори, претставниците на Њукасл започнале преговори со неговиот менаџер за евентуален трансфер во летниот преоден рок.
Кен има договор со Фиорентина до јуни 2029 година, но и откупна клаузула вредна 52 милиони евра која може да се активира меѓу 1 и 15 јули годинава.
Спорт
Мурињо се соочува со суспензија од десет натпревари

Жозе Мурињо имаше свое шоу по натпреварот против Галатасарај, кога по поразот во четвртфиналето на Купот (1:2) за нос го фати противничкиот тренер, Окан Бурук.
Ден по натпреварот, португалскиот стручњак беше осуден од голем број луѓе, кои не можеа да поверуваат што направи.
Фудбалскиот сојуз на Турција покрена постапка, ги прегледува снимките, по што ќе донесе одлука околу казната за Жозе Мурињо. Според некои медиуми, бидејќи ова не му е прв инцидент од доаѓањето во Турција можно е да добие суспензија од 10 натпревари.
Челниците на Фенербахче не се огласуваа по инцидентот, но медиумите тврдат дека во секој случај ќе застанат на негова страна, бидејќи и тие сметаат дека се оди на штета на нивниот тим.
Спорт
Ферстапен со совршен круг до пол-позицијата во Јапонија

Четврти пат по ред, Макс Ферстапен ќе стартува од пол-позицијата на патеката Сузука, на трката за Големата награда на Јапонија.
Актуелниот светски првак до првата пол-позиција сезонава, дојде со совршен круг, најбрз во историјата на Сузука 1:26.983 минути. Ферстапен ја прекина доминацијата на Мекларен во квалификациите на претходните две трки, во Австралија и Кина.
Холанѓанецот за 12 илјадити делови од секундата го победи Ландо Норис од Мекларен, а од вториот возач на Мекларен, Оскар Пјастри беше побрз за 44 илјадити делови од секундата.
Шарл Леклер со своето Ферари ќе стартува од четвртото место, тој за 20 илјадити делови од секундата беше побрз од возачот на Мерцедес Џорџ Расел кој ќе стартува од петтото место. Тинејџерот, Андреа Кими Антонели трката ќе ја започне до тимскиот колега Расел.
Пласман во првите десет на стартот изборија Исак Хаџар (Рејсинг Булс), Луис Хамилтон кој уште еднаш разочра во болидот на Ферари, Алекс Албон (Вилијамс) и Оливер Берман (Хас).
Трката за Големата награда на Јапонија, в недела ќе започне во седум часот по средноевропско време.