Спорт
Вардар и вторпат подобар од Војводина за Ф4 на СЕХА лигата

Вардар имаше лошо прво полувреме, но успеа и по вторпат да ја совлада Војводина, овојпат со 32:26 за да се пласира на Фајнал фор турнирот на регионалната СЕХА лига, приклучувајќи им се на Еурофарм Пелистер, кои со две победи го елиминираа Татран Прешов, на завршниот турнир.
Во другите две четврт-финалиња, хрватските ривали ППД Загреб и Нексе уште го немаат одиграно ниту првиот меч, додека Партизан го доби првиот меч против јуниорите на Веспрем со 39:24.
Иако Вардар имаше огромна предност од 13 гола (38:25) од првиот меч, почетокот на дуелот во Нови Сад беше кошмарен за „црвено-црните“. Војводина поведе со 6:1 по осум минути игра, а на полувреме имаа 15:11 водство. Сепак, потоа, Вардар ја врати рамнотежата и до крајот на мечот стигна до убедлива победа.
Гоце Георгиевски со 10 гола и Јан Чувара со седум гола беа најдобри за „црвено-црните“, додека за Војводина, Симо Шијан уфрли 9 гола.
Фото: СЕХА лига
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лејкерси ја декласираа Оклахома – Дончиќ броеше до 30

Лос Анџелес Лејкерс го декласира лидерот во НБА лигата Оклахома Сити Тандер и се пробија на третото место на табелата во Западната конференција. Лејкерси славеа во Оклахома со 126:99.
Лука Дончиќ ги предводеше Лејкерси со 30 поени (11/20 од поле и 5/11 за тројки) со седум скока и шест асистенции, додека 26 поени, девет асистенции и три скока забележа најдобриот играч на Оклахома, Шеј Гилџес-Александер, кој воопшто не играше во последната четвртина.
Од редовите на победничкиот тим се истакнаа Остин Ривс со 20 и 40-годишниот Леброн Џејмс со 19 поени.
Лејкерси го совладаа најдобриот тим на Западот и најдобрата одбрана во лигата, постигнувајќи речиси исто толку поени (78) на полувремето како и во првиот натпревар меѓу овие два тима оваа сезона (93).
Ова беше втор пораз во низа за Оклахома но нема да промени ништо бидејќи се први на Западот.
Интересно е што Шеј Гилџес-Александер не изведе ниту едно слободно фрлање, што му се случува прв пат по 2021 година.
Во ниту еден момент од овој натпревар Оклахома не беше блиску до победата, најдобрата одбрана во лигата, во првата четвртина прими 42 поени.
Лејкерси во втората четвртина брзо дојдоа до +29, а во првото полувреме реализираа дури 15 тројки од 22 обиди. Мечот го завршија со 22 погодени тројки од 40 обиди.
Спорт
(Видео) Фудбалери на Ваљадолид за малку ќе се степаа на клупата

Фрустрацијата во Ваљадолид, последнопласираната екипа во шпанската Ла Лига, расте како што се наближува денот кога и формално ќе се преселат во Сегунда.
Тимот од градот со околу 300.000 жители беше убедливо поразен на својот стадион од Хетафе во 30. коло во неделата со резултат 4:0.
Дека на клубот не му оди покажа и деталот од клупата за резервните играчи. Двајца играчи се скараа и дури сакаа и физички да се пресметаат, а подебелиот крај го извлече Хуанми Латаса, кој беше заменет по половина час игра.
Инаку сопственик на Ваљадолид е легендарниот Бразилец, Роналдо.
Mululu a punto de cascarle una ostia a Latasa en el banquillo hoy contra el Getafe. Este club se va a la deriva pic.twitter.com/R9d30vWDVq
— lazo (@goldelazo3) April 6, 2025
Спорт
(Видео) Дербито на Олимпико Рома-Јувентус заврши без победник

Фудбалерите на Рома и Јувентус одиграа нерешено 1:1 (0:1) во дербито од 31. коло на италијанската Серија А.
Гостите од Торино подобро го започна мечот на Олимпискиот стадион во Рим, а таквиот пристап вроди со плод во самиот финиш на првото полувреме, кога Мануел Локатели донесе водство во 40. минута.
Домашната публика не чекаше долго за израмнување, бидејќи по само четири минути игра во вториот дел Рома постигна гол. Се играше 49. минута кога Елдор Шомуродов постигна гол за 1:1.
Јувентус сега има 56 бодови и го дели четвртото место со Болоња, која во понеделник го пречекува Наполи.
Тимот на Калоди Раниери е седми со 53 бода, помеѓу Лацио е 55, осмопласираната Фиорентина има 52 бода.