Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Груби ѝ доделил државно земјиште на сопругата на Ковачевски за 70 денари за квадрат, а премиерот се прави изненаден

Владата на Ковачевски ѝ овозможило богатење на сопругата на Ковачевски. Тоа е жалната реалност во која живееме. Додека народот осиромашува, функционерите од власта и нивните семејства се богатат, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Во ниту една земја членка на Европската Унија сопруга на премиер не добива бизнис-повластици и не добива државно земјиште за едно евро. Е, токму компанијата на сопругата на премиерот со одлука на владата, предводена од нејзиниот сопруг, добила можност да купи 1.119 м2 државна земја за цена од 70 денари за квадратен метар. Ковачевски се прави наудрен. Ако неговиот ортак Артан Груби ја потпишал оваа одлука, тоа не го амнестира од одговорност, влијание и злоупотреба на функцијата. Аргументите од типот не сум од овде не поминуваат кај никого.
Ковачевски исто вака се однесуваше и кога излезе информацијата дека сопругата му влегува во бизнис од над 1 милион евра додека тој е премиер, а сега згора на се добива земјиште со потпис на Груби и истиот Ковачевски пак се прави изненаден. Со Груби очигледно си чуваат грб, односно тој нему му помага за скандалите, овој ѝ дава бизнис-повластици на жена му“, велат од партијата.
Оттаму обвинуваат дека тоа што го прави власта е правење пари на грбот на народот, дека е класично користење на позициите за лични повластици. Ковачевски да имаше грам доблест, ќе си поднесеше оставка. За ваквите злоупотреби, ќе мора да понесе одговорност“, порачаа од опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Од септември ќе се наплаќа паркирањето во Реонски и во Ново Лисиче, ЈП „Градски паркинг“ подготвен за бележење на зоните

Најдоцна од крајот на септември паркирањето ќе се наплаќа и во Реонски центар и во Ново Лисиче, каде сега паркирањето е бесплатно. Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, вели дека за да почне наплата се чека одобрување на проектот.
„Зонското паркирање го управува и менаџира ЈП Градски паркинг – Скопје меѓутоа во координација сме со нив. Зонското паркирање во Реонски центар ќе почне паралелно со зонското паркирање во Ново Лисиче. Општината изготви проект, се чека одобрување на проектот од Град Скопје и Министерството за внатрешни работи по што веднаш ќе се спремни за бележење и поставување на информативни табли. Очекувам дека во наредниот месец до два, најдоцна до крајот на септември дека ќе почне да функционира во Ново Лисиче и во Реонски центар“, рече денес градоначалникот Митески.
Жителите на Ново Лисиче и Реонски центар бараа едновремено да почне наплата на паркирањето за да се избегне трупање во возила на местото во кое подоцна ќе биде воведено зонското паркирање. Тие постојано се жалат дека паркирањето во овој дел од градот станува невозможно за резидентите оти на паркинзите пред зградите паркираат и автобуси и комбиња и автомобили на луѓе кои работат во други општини во Скопје, каде што паркингот се наплаќа.
Македонија
Изминатиов викенд 1.148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава

Во деновите од изминатиот викенд (26./27.07.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1148 издадени платни налози 128 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола, а пак кај 115 возачи при извршен алкотест било утврдено недозволено количество алкохол и тие се исклучени од сообраќај, додека 46 возачи на моторцикли се санкционирани заради неносење на заштитен шлем.
Инаку согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата дури 458 прекршоци во текот на викендот се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 175 за недозволено паркирање, додека пак прекршочно се казнети уште 28 лица кои некористеле сигурносен појас, 17 заради користење мобилен телефон при возење, тројца возачи минале на црвено светло, а прекршочни санкции добиле и двајца пешаци и тројца возачи на електричен тротинет.
Исто така, согласно Законот за возила, 31 возило било отстрането заради тоа што биле нерегистрирани, а три возила се исклучени заради техничка неисправност.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР..
Македонија
Патот Струмица – Ново Село затворен за товарни возила

Патот Струмица – Ново Село е затворен за товарни возила, а за другите возила се пренасочува, информира АМСМ.
„Сообраќајот на регионалниот пат Струмица – ГП Ново село е затворен за товарни возила, а за другите возила се пронасочува“, пишува во информацијата.