Македонија
Николовски со нови сознанија: Дури и Владата да ги донесе законите за работни часови, ќе плати 53 милиони евра пенали за ништо

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, објави нови детали од спорниот договор за Коридорот 8.
Тој вели дека откако Владата ги потврдила неговите наводи дека доколку не се воведе 60-часовна работна недела, Македонија ќе плаќа огромни пенали или дополнителни трошоци за изведба, како што ги нарекува Владата, ќе го сподели со јавноста документот во кој се наведени пеналите/трошоците што ќе ги платат сите граѓани:
– минимум 53 милиони евра еднократно;
– 2.165.000 евра секој месец!
Тоа што сакам денес да го обелоденам е дека во согласност со истиот договор, Македонија ќе ги плати овие пари доколку законот за 60-часовна работна недела не се донесе во рок од 45 дена по потпишување на договорот со „Бехтел и Енка“! Исто така, пишува дека дури и да се донесе законот по овие 45 дена, сумата од 53 милиони евра ќе се плати!
Договорот Влада – „Бехтел и Енка“ беше потпишан на 8 март, а 45 дена поминуваат на 22 април! Тоа значи дека на 23 април сите граѓани на Македонија за ништо ќе треба да платат 53 милиони евра!
Ова не е само основ за оставка на Ковачевски и Груби, туку и за сериозни кривични пријави, кои ако не ги добијат сега по промената на власта и формирањето влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, не им бегаат!“, порача Николовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Филипче: Понеспособна влада сме немале никогаш досега, ќе се бориме за доброто на државата

СДСМ ќе ја врати државата на победничката патека, за доброто на Македонија, за доброто на сите граѓани, кажа вечерва на прес-конференција претседателот на СДСМ Венко Филипче, откако беше реизбран за лидер на партијата.
„Ќе ги избереме луѓето кои најдобро ќе не претстават на локалните избори, луѓето кои имаат кредибилитет да излезат во своите средини, пред своите соседи, пред пријателите и познаниците во своите општини, луѓе на кои може да им се верува дека политиките и програмите кои ќе ги ветат, ќе може да ги исполнат. Ќе имаме тешка работа затоа што ќе се бориме во многу општини со политичкиот противник ВМРО-ДПМНЕ, за жал нивните градоначалници не испорачуваат добри политики, гледаме се повеќе корупциски скандали, не ги водат општините како што треба“, рече Филипче.
Тоа, според него, најдобро се гледа по примерот на градот Скопје, којшто, како што рече, заради инаетот и бизнис интересите на градоначалничката и ВМРО-ДПМНЕ нема ни јавен превоз, ни чисти улици, ниту еден проект за доброто на граѓаните и оти Скопје мора повторно да стане метропола.
„Имаме уште една тешка друга борба – а тоа е да се бориме против оваа влада на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, која што во изминатите десет месеци само покажа дека ниту знае ниту умее да се справи со проблемите, дека се што кажаа излажаа, дека не испорачаа ниту едно ветување, понеспособна влада државава немала никогаш досега“, истакна лидерот на СДСМ.
Затоа, рече Филипче, имаме обврска пред граѓаните да покажеме дека сме подготвени и мотивирани, дека знаеме, умееме и ќе се бориме за доброто на државата и дека ќе ја вратиме на европскиот пат.
„Нема да дозволиме граѓаните да бидат манипулирани. Нема ниту една област во која нешто добро се случува. Видете што се случува и какви катастрофални политики се водат во земјоделството, образованието, здравството. Гледајте што се случува со платите на работниците, ги убедуваа дека можат да живеат со 400 евра месечно, какви лицемери седат во владата – оттука јасно им порачувам СДСМ е силна, спремна и консолидирана и се враќа на победничката патека. Ние ќе бидеме тие што ќе ја вратиме државата на победничката патека“, заклучи Филипче.
Тој од вкупно 23.712 запишани избирачи добил 18.001 глас, додека 139 ливчиња се неважечки, соопшти претходно претседателот на Централната изборна комисија Бранко Георгиевски.
Внатрепартиските избори за претседател на СДСМ, претходно беа закажани за 16 март, но беа одложени поради трагедијата во Кочани.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

АМСМ информира дека е воведена забрана за сите видови возила на патниот правец Струга – г.п Ќафазан.
Забрана за тешки товарни возила:
– Маврово – Дебар
– Тетово – Попова Шапка (за сите останати задолжителна употреба зимска опрема (ланци))
– Гостивар – Кичево (Стража)
– Битола – Ресен (Ѓавато)
– Охрид – Ресен (Буково)
Од 21:20 часот сообраќајот на магистралниот пат А3 Охрид – Ресен преку превојот Буково е нормализиран за патнички возила.
АМСМ известува дека патниот правец Крушево – с.Долно Дивјаци – с.Кочиша е небезбеден за сообраќај и претсавува опасност за нормално одвивање на сообраќајот. Од 04.4.2025 година е затворен за секаков вид на сообраќај. Може да се користат регионален пат с.Пуста Река -Крушево.
Сообраќајот на државните патишта се одвивa по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема кредибилитет и е продолжена рака на Заев

По дебаклот што се случи на изборите денес во СДС, на кои што имаше само еден кандидат, а тоа беше поттрчкото на Заев, Венко Филипче, тој освои 18 илјади гласови, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„За трагедијата да биде уште поголема, регистрирани беа 23.712, а само 18 илјади членови го подржаа Филипче. Тоа само зборува дека Филипче нема кредибилитет во СДС.
Само 18 илјади луѓе сметаат дека Венко треба да ја води СДС. Истиот Венко, кој не одговараше за модуларна болница, за набавката на КОВИД вакцини од фантом фирма Старби, кој лажно вакцинираше член на фамилијата за ПР, работеше за богатење на неговиот ментор Заев кој сега гради згради по Дубаи.
Филипче е поставен директно од Заев, за да работи за негови интереси, а знаеме дека интересите на Заев, се предавства за Македонија.
Филипче е прочитана приказна на македонската политичка сцена. Филипче ниту е, ниту пак може да биде новото лице во СДС, тој е само обичен привезок на Заев“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.