Македонија
Џафери домаќин на традиционалната Ифтарска вечера

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, вечерва беше домаќин на традиционалната Ифтарска вечера по повод светиот месец Рамазан. На вечерата, покрај претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, присуствуваа и потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, координаторите, пратениците и претставниците на политичките партии во законодавниот дом, Помеѓу присутните беа и Реис ул Улемата на Исламската верска заедница, Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи, поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан и католичкиот бискуп, Монсињор Д-р Киро Стојанов.
„На вечерата се следеше вообичаениот ифтарски протокол на кој што се веќе навикнати и претставниците на другите верски заедници, а токму тие различни ритуали и придаваат на оваа вечера необична убавина и духовна сплотеност. Седнувањето на сите гости на заедничката трпеза, и тоа како има моќ на обединување а воедно е и одличен пример кој што треба да им биде показател на сите граѓани дека заедно можеме, и да гладуваме, и да јадеме, и да се насмееме и да си ги споделиме тешкотиите. Токму така како што правеле и нашите предци на овие простори.
Иако времетраењето и начинот на постење се разликува со тоа што Велигден е неколку дена пред Рамазан Бајрам, сепак има доволно време за и православните, и исламските и католичките верници да се прочистат физички и духовно, да ја демонстрираат солидарноста и сочувството на дело, да споделат убави мисли и пораки на взаемна почит и разбирање, со еден збор, да станат подобри луѓе за себе и за сограѓаните. Тоа беше и пораката што ја упати претседателот Џафери посакувајќи им на присутните гости добро здравје, душевен и семеен мир и благосостојба“, стои во соопштениети на Собранието на РСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и студени утра. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец. Потоа следи период на стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура.