Свет
(Видео) Пожар во Москва, гореше голем трговски центар

Синоќа, избувна пожар во голем трговски центар во предградието на Москва, во областа Куркино. Засега нема информации за жртви.
Снимката од пожарот беше објавена на „Твитер“ од телевизијата „Неста“, независен белоруски медиум, чии сопственици работат од Полска.
As reported, the building of a farmer’s market in the suburbs of #Moscow caught fire. The burning area is more than 300 square meters. There is no information about the victims. pic.twitter.com/n9ZqyDD2F1
— NEXTA (@nexta_tv) April 13, 2023
Според руската независна телевизија РЕН ТВ, пожарот се случил на автопатот Новокуркинскоје, а погодената површина е 300 квадратни метри. До опожарената зграда има бензинска пумпа. Пожарникарите утринава сè уште беа на терен, а пожарот сега е изгаснат. Руските власти сѐ уште не излегле со официјална изјава за пожарот.
Причината за пожарот сѐ уште не е позната, а истрагата е во тек. Во последната година Москва беше зафатена од серија пожари. Изгореа неколку трговски центри, хотели и владини згради, а осум странски државјани загинаа во пожар во хостел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Бангкок не се откажува од потрагата по преживеани: „Мораме да ги најдеме“

Заменик-градоначалничката на Бангкок, Тавида Камолвеј, се врати од местото на урнатата зграда во областа Чатучак и за Би-Би-Си изјави дека спасувачките операции продолжуваат: „Нема да се откажеме“.
„Се уште се обидуваме да влеземе под урнатините, но 30-те ката од урнатата зграда создадоа огромна маса која е исклучително тешко да се пробие“, рече Камолвеј.
Спасувачите користат рендген апарати за да откријат какви било движења и знаци на живот во слоевите на бетон и метал.
„Сè уште бараме 79 исчезнати лица. Сè уште верувам во мојот тим. Работиме без престан, повеќе луѓе пристигнуваат. Мораме да ги најдеме“, рече таа.
Свет
Трамп: Ќе го земеме Гренланд, 100 отсто, не ја исклучувам можноста за воена сила

Американскиот претседател, Доналд Трамп, одби да ја исклучи можноста за воена сила во неговата кампања за преземање на Гренланд, велејќи дека има обврска да обезбеди сопственост на данската територија, која постојано ги отфрла неговите обиди.
Еден ден откако високи функционери од неговата администрација, вклучително и потпретседателот Џеј Ди Венс, ја посетија американската воена база на островот, Трамп во интервју за „Ен-би-си Њуз“ потврди дека апсолутно разговарал за анексија на Гренланд.
„Ќе го земеме Гренланд. Да, сто проценти“, рече Трамп.
За време на неговата посета во петокот, Венс остро ја критикуваше Данска, обвинувајќи ја дека заостанува во безбедносните инвестиции и на тој начин го остави Гренланд изложен на можни инвазии од Русија и Кина. Тој го повика народот на Гренланд да се отцепи од Данска за да овозможи разговори меѓу САД и островот за потенцијално преземање.
Тој им рече на новинарите потоа дека не сугерира промена во официјалната политика на администрацијата. Наместо тоа, тој нагласи дека Трамп верува дека воената сила нема да биде неопходна за американското преземање на Гренланд.
„Мислиме дека никогаш нема да биде потребна воена сила“, рече Венс во базата Питуфик.
На прашањето за тие коментари за време на интервјуто, Трамп ја повтори својата посветеност на идејата САД да ја преземат контролата врз островот, но додаде дека постои добра можност тоа да се постигне без воена интервенција.
„Не, никогаш не исклучувам воена сила. Но, мислам дека има добри шанси да го направиме тоа без неа“, рече Трамп.
„Ние имаме обврска да го заштитиме светот. Станува збор за светскиот мир и меѓународната безбедност. И се додека сум претседател, тоа е моја одговорност. Не, не исклучувам ништо“, додаде.
Во своите изјави, Венс ја обвини Данска за „неинвестирање“ во безбедноста на Гренланд.
„Нашата порака до Данска е многу едноставна: не направивте доволно за народот на Гренланд“, рече тој. „Тоа мора да се смени. А бидејќи не се промени, затоа политиката на претседателот Трамп за Гренланд е токму оваа“.
На овие изјави реагираше данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен, кој на социјалната мрежа „Икс“ рече дека Данска може да прифати критика, но не и тонот што го користи администрацијата на Трамп.
„Не зборувате така за блиски сојузници“, рече Расмусен, повикувајќи ги САД да соработуваат со Данска за да го зајакнат своето воено присуство на Гренланд.
Новиот премиер на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, рече дека коментарите на американските официјални лица покажуваат „недостаток на почит“ кон островот.
Иако Данска е членка на НАТО, а повеќето жители на Гренланд се противат на приклучувањето кон Соединетите Држави, американскиот претседател опстојува.
„Гренланд ни е исклучително важен за меѓународната безбедност. Мора да го имаме Гренланд“, рече Трамп во петокот во Белата куќа.
Свет
Војската на Мјанмар бомбардира региони под контрола на бунтовниците и покрај катастрофата

Мјанмарската хунта продолжи со воздушните напади по земјотресот.
„Би-Би-Си“ потврди дека седум цивили биле убиени во нападот на Наунгчо во државата Шан, само три часа по нападот.
Слични напади беа забележани и во регионот Сагаинг, кој е и епицентарот на земјотресот, и долж границата со Тајланд.
Претставникот на ОН, Том Ендрјус, рече: „Срамно е што војската фрла бомби додека спасувачките екипи се обидуваат да ги извлечат луѓето од урнатините“.
Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди Мјанмар пред два дена, а според информациите загинати се најмалку 1.600 лица, но се очекува бројот да продолжи да расте.