Македонија
Лога – Силвестри: Италија е силен поддржувач на нашата држава во евроинтегративниот процес

Министерот за правда, Кренар Лога, оствари средба со амбасадорот на Република Италија во нашата земја, Андреа Силвестри.
Министерот Лога се заблагодари на поддршката што Италија ѝ ја дава на нашата земја во делот на реформите и процесот на интеграција.
Амбасадорот Силвестри беше информиран за процесот на уставните измени, составот на работната група, изборните реформи, стратегијата за реформи во правосудството 2023-2027, процесот на дигитализација во судовите и јавните обвинителства.
Лога и Силвестри заклучија дека регионалната соработка треба да продолжи, а реформите да се спроведуваат паралелно со интеграцијата во ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека ги лаже работниците за минималец

Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Според информациите кои до нив пристигнале од свиркачи од ССМ, Слободан Трендафилов, Трпе Деановски и другите функционери во ССМ го претвориле овој некогашен голем синдикат во своја приватна банка.
Согласно информациите кои ги има партијата, Трпе Деановски, покрај платата од 104.000 денари, остварува и други приходи, па кога ќе се пресмета на годишно ниво сумата која ја зема по разни основи достига вртоглави суми.
„Информациите говорат дека Деановски лани и првите два месеци од оваа година земал вкупно над 1.8 милиони денари. Да добро слушате, 30 илјади евра за Трпе Деановски, додека вас ве лаже за минимална плата. Колку минимални плати има во годишните примања на Трпе Деановски? – Точно 69. Трпе Деановски за една година земал пари колку работниците кои ги лаже за минимална плата не можат да земат за 6 години. Тоа се синдикалците на батерии на Слободан Трендафилов, насадени на позициите од СДС, дебело платени да извршуваат партиски агенди“, изјави Петрушевски.
Како што рече, народот и работниците ги прочитале синдикалците на батерии како Слободан Трендафилов и Трпе Деановски.
Македонија
Kузеска: Владата да ги поништи тендерите за оценка на медиумите и парите да ги пренамени за Кочани

Додека народот и државата тагуваат поради огромната трагедија во Кочани во која згаснаа 59 млади животи а околу 200 се повредени, Владата на ДПМНЕ турка тендери за мерење рејтинзи и пропаганда, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Опозициската партија вели дека за поддршката на семејствата и граѓаните во Кочани се организираат донации а владата на ДПМНЕ троши 400.000 евра за анкети и мерење на рејтингот на Мицкоски.
„Тоа не било доволно па гледаме објава на нов тендер за уште еден скап проект – оцена на медиумското влијание, мониторинг на медиумите, на социјалните мрежи, прес клипинг и оценка на вестите. Владата набавува софтвер за да ги оценува вестите на медиумите– дали се позитивни, негативни или неутрални, а планира да собира податоци и за авторите. Тоа ли се приоритетите на власта? Нема пари за плати, нема за пожарникарите, за лекарите, за работниците, пари има само за папаја, манго и рејтингот на Мицкоски“, рече Кузеска.
Според СДСМ, власта манифестира бесчувствителност и расипништво во време кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај и се во колективна тага. СДСМ бара итно поништување на тендерот за „софтвер за медиумско влијание“ и тендерот за анкети. Тие пари, заедно со 400.000 евра предвидени за анкети да се дадат за помош на семејствата и граѓаните на Кочани. Сега е време за солидарност и одговорност, велат од партијата, а не за мерење рејтинзи и пропаганда.
Македонија
Случајот со Фросина Кулакова не’ собра, а причина е системот, велат од „Кој е следен“ по обвинувањата дека ја злоупотребиле трагедијата

Точно е дека движењето „Кој е следен?“ настана по сообраќајната несреќа на Партизанска кога загина Фросина Кулакова. Тоа не’ собра како граѓани, а причината е системот кој не функционира. Ова го истакна Борјан Ефтимов од „Кој е следен“, коментирајќи ги обвинувањата на семејството Кулакови дека ја злоупотребиле смртта за нивни интереси и профит.
Ефтимов вели дека секој има право да го каже своето мислење, а тие ќе продолжат да се залагаат за функционален систем и во иднина.
Ефримов тврди дека зад нив не стои ниту една политичка партија, а партиските соопштенија ги третираат како гол популизам.
Претходно, семејството на Фросина Кулакова го обвини здружението дека ја злоупотребило трагедијата. Сестрата на загинатата Фросина, во статус на социјалните мрежи напиша дека ним не им е важна жртвата, туку агендата. Рече дека некој со болен ум, со туѓа трагедија, решил да си прави профит, па така во јавноста се појавила иницијативата „Кој е следен“.
„Кој е следен“ стои и зад протестите по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а денес протестира со столчиња пред Собранието, барајќи да бидат објавени сите документи за работњето на дискотеката низ годините.