Контакт

Регион

Градоначалникот на Будва уапсен во акција на црногорското Специјално обвинителство

Објавено пред

Градоначалникот на Будва и висок функционер на прорускиот Демократски фронт, Мило Божовиќ, е уапсен денеска во акција на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора, пренесува Радио Слободна Европа.

dobivaj vesti na viber

Акцијата била спроведена во повеќе градови.

Црногорското Обвинителство сѐ уште не соопштува за какви дела се товари Божовиќ, но посочува дека се работи за истрага за два кривични дела.

На собраниската Комисија за безбедност веднаш реагирал лидерот на Демократскиот фронт, Андрија Мандиќ, кој уверува дека неговиот функционер Божовиќ не сторил никакво кривично дело.

„Добив информација дека во тек е претрес на куќата на Мило Божовиќ и дека ќе се претресува и неговиот деловен простор, а тој е осомничен за тешки кривични дела. Специјалниот обвинител ќе треба да приложи многу докази за да ги оправда овие тврдења“, истакна Мандиќ.

Портпаролот на специјалниот обвинител, Вукас Радоњиќ, претходно за Радио Слободна Европа изјави дека Специјалното полициско одделение презема мерки и дејства во рамките на истраги за две кривични дела со логистичка и оперативна помош на полициската Единица за антитероризам.

„Јавноста ќе биде навремено информирана за евентуалното лишување од слобода на одредени лица и за резултатите од тековните мерки и дејства“, посочи обвинителот Радоњиќ.

Тој додаде дека апсењето на Божовиќ е извршено по наредба на Обвинителството, со поддршка и асистенција на Европол.

Кој е Мило Божовиќ?

Мило Божовиќ (46) по професија е економист. Според неговата официјална биографија, тој бил одборник во сите состави на градското собрание на Будва од 2005 до 2020 година.

Откако опозицијата предводена од просрпскиот и проруски Демократски фронт (ДФ) ја освои власта во Будва на изборите во 2016 година, Божовиќ беше избран за управител на Општината.

Откако ДФ со коалициските партнери освои мнозинство на парламентарните избори во август 2020 година, Божовиќ стана пратеник во Собранието на Црна Гора, а истиот месец дојде и на местото претседателот на Општина Будва, Марко Царевиќ, кој поднесе оставка.

По локалните избори во октомври, на Божовиќ му беше потврден мандатот на чело на Општината.

Во септември 2022 година порталот „М“ објави преписка од сега затворената комуникациска мрежа „Скај глобал“ (SKY ECC) меѓу двајца членови на Шкаљарскиот клан, во која се споменуваат наводните незаконски активности на Божовиќ во контекст на поддршката што тој можел да им ја обезбеди во безбедносниот сектор.

Божовиќ во тоа време беше член на собраниската Комисија за безбедност, а официјалните органи во тоа време не излгоа со никаква реакција на написите.

Мрежата за афирмација на невладиниот сектор (МАНС) на почетокот на годинава соопшти дека против Божовиќ поднела пријава до Агенцијата за спречување на корупцијата за непочитување на законската обврска за пријавување имот во изминатите две години.

МАНС наведе дека податоците од катастарот на Будва покажуваат оти Божовиќ значително го зголемил својот имот во споредба со 2019 година, кога тој последен пат поднел пријава.

Регион

Српските патници кои беа евакуирани од Дубаи: „Ни рекоа за 15 минути да се спакуваме“

Објавено пред

Авион на „Флај Дубаи“ од Обединетите Арапски Емирати со 200 државјани на Србија слета утрово во Белград. Тоа е првиот лет кон Србија по прекинот на летовите поради тензиите на Блискиот Исток.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесе РТС, една патничка која утрово слетала во Белград патувала од Кенија преку Дубаи. Таа изјавила дека околу три часа ги „држеле горе на небото“, по што слетале.

Двојка од Бачка Паланка допатувала од Малдивите.

„Слетавме во Дубаи и патувањето требаше да продолжи понатаму. Авионот полета, кружеше некое време и повторно се врати на аеродромот во Дубаи од безбедносни причини. Во меѓувреме се случи тоа што се случи со Иран“, изјавиле патниците за РТС.

На прашањето дали почувствувале страв, тие одговориле дека не.

„Не, бевме сместени во еден хотел кој е на околу 20 километри од центарот на градот, така што слушнавме некои детонации, но не се плашевме, имавме прекрасна група“, велат тие.

„Прво се јавивме во нашата амбасада, која направи список на патници што се најдоа на аеродромот во Дубаи, дури и амбасадорот нè посети во хотелот и му благодариме за тоа. Имавме идеални услови во хотелот и чекавме да нè известат за враќањето, а буквално ни беше кажано за 15 минути да се спакуваме“, навеле патниците.

Прикажи повеќе...

Регион

Авион од Дубаи слета во Белград, евакуирани 200 српски државјани

Објавено пред

Авион од Дубаи со 200 српски државјани слета денес во Белград, откако летовите меѓу Обединетите Арапски Емирати и Србија беа суспендирани поради тензиите на Блискиот Исток.

dobivaj vesti na viber

Првиот авион со 200 патници полета од аеродромот во Дубаи синоќа, објави Радио телевизија Србија (РТС).

Аеродромот во Дубаи објави дека првиот лет од Обединетите Арапски Емирати до Србија, по суспензијата на воздушниот сообраќај, полетал околу 23:30 часот по централноевропско време.

Авионот е Боинг 737 MAX 8, со капацитет од 162 до 200 патници, управуван од авиокомпанијата „Флајдубаи“.

Во меѓувреме, авиокомпанијата Емирати објави дека го продолжува сообраќајот со реализација на ограничен број летови.

„Приоритет им се дава на патниците со претходни резервации, а оние кои се прераспределени на овие ограничени летови ќе бидат контактирани директно од компанијата Емирати“, се вели во соопштението.

Компанијата ги повика патниците да не доаѓаат на аеродромот освен ако не бидат однапред известени, додавајќи дека сите други летови остануваат суспендирани до понатамошно известување.

Летовите беа откажани поради американско-израелската воена кампања започната во саботата против Иран, во која загинаа неколку високи ирански функционери, вклучувајќи го и врховниот лидер Али Хамнеи.

Како одговор, Техеран возврати со напади со беспилотни летала и ракети врз Израел, како и врз неколку земји во регионот каде што се наоѓаат американски воени објекти.

Прикажи повеќе...

Регион

Дачиќ симнат од респиратор

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.

dobivaj vesti na viber

Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.

„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија2 часа

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија2 часа

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет4 часа

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет4 часа

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет4 часа

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет5 часа

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет5 часа

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет5 часа

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет6 часа

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија14 часа

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...

Македонија15 часа

„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“. Ова на...

Топ16 часа

Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош

Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош. Од Министерството за...

Македонија18 часа

Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска...

Македонија20 часа

Наредена ексхумација на уште една жена, можна жртва на 25- годишникот од Малотино осомничен за сериски убиства

Во наредните денови ќе биде направена уште една ексхумација на жена за која постојат сомневања дека е жртва на 25-годишниот...

Македонија20 часа

Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз нашите пријатели, велат од МНР и апелираат граѓаните да се воздржат од патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание и загриженост ги следи случувањата во поширокиот регион на...

Македонија23 часа

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Бруто платата за...

Македонија23 часа

Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и понеисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците

Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес   во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка...

Македонија23 часа

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која...

Македонија1 ден

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...