Спорт
Каспер Руд елиминиран од турнирот во Монте Карло
Еден од главните фаворити за освојување на трофејот на турнирот во Монте Карло, Каспер Руд, доживеа елиминација. Тој требаше да биде најсериозниот ривал на Новак Ѓоковиќ во битката за пехарот, но загуби од Јан-Ленард Штруф со 2:0 во сетови.
На Каспер Руд речиси ништо не му поаѓаше од рака во првиот сет и го загуби со 1:6 во гемови, за само 27 минути игра.
Штруф продолжи со добар настап и во вториот сет и поведе со 5:2 во гемови. Руд за момент се врати и се избори за тај-брејк, но Германецот сепак успеа да го добие на поени со 8:6 и го комплетираше мечот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Крај на сезоната за Едерсон – Херојот Ортега ќе брани во последното коло
Голманот на Манчестер сити, Едерсон, нема да може да им помогне на соиграчите во наредниот период поради мала фрактура што ја заработи на натпреварот со Тотенхем.
Бразилецот беше заменет по судир со стоперот на противничката екипа Кристијан Ромеро.
Во моментот кога беше заменер, Едерсон го искажа своето незадоволство од одлуката на тренерот Пеп Гвардиола.
Едерсон ја напушти играта во 69. минута, му го препушти местото Стефан Ортега, кој блескаше во преостанатиот дел од натпреварот и имаше голем придонес за победата на Сити.
Избраниците на Пеп Гвардиола го зазедоа првото место на табелата откако го совладаа Тотенхем со 2:0. Ортега, два пати го запре Дејан Кулушевски, а во 84.минута веројатно ја имаше одбраната на сезоната кога го запре ударот на Хјунг-Мин Сон во ситуација еден на еден при резултат 0:1.
Сити во последното коло ќе влезе со два бода повеќе од Арсенал. Во недела Сити ќе го пречека Вест Хем, а Арсенал ќе игра против Евертон.
Спорт
ФИФА најави ВАР-револуција
Џани Инфантино, претседателот на ФИФА најави големи промени на конгресот на светската фудбалска федерација во Бангкок.
„Ќе го развиеме и подобриме ВАР. Тој систем го користат 65 национални асоцијации, но сега ќе го подобриме. Создадовме базна технологија со помалку камери и без судии да одлучуваат, така што ќе биде достапен за секого и полесен ќе се имплементира. Тој систем веќе се тестира.
Ќе функционира така што тренерот на секоја екипа ќе има право двапати по натпревар да бара помош од ВАР. Доколку првичната одлука на судијата се смени по таквата барана проверка, тимот што ја побарал проверката повотрно ќе има право на две проверки. Доколку, пак, по ваквата барана проверка, ВАР ја потврди одлуката на судијата на теренот, тогаш екипата која ја побарала го губи правото на една проверка“.
Спорт
„Тајната шопинг-листа“ на Баерн вредна 323 милиони евра
Германскиот великан, Баерн Минхен за прв пат по 12 години заврши сезона без освоен трофеј. Баер Леверкузен стави крај на 11-годишната доминација на Баварците во германскиот шампионат. Во осминафиналето на Купот на Германија, Баерн, шокантно беше елиминиран од третолигашот Сарбрикен, додека Реал Мадрид го исфрли во полуфиналето на Лигата на шампионите.
Челниците на клубот од Минхен преговараат за останување на Томас Тухел, кој требаше да си замине на крајот од сезоната, но стана прва опција откако Чаби Алонсо, ЈулијанНагелсман и Ралф Рангник одбија да го преземат клубот.
Баерн според угледот што го има не смее да си дозволи уште една лоша сезона. „Билд“ пишува дека клубот ќе се обиде во летниот преоден рок да донсе седум фудбалери.
Списокот на играчи кои Баерн ги сака во летниот преоден рок, според „Билд“, и нивните вредности на „Трансфермаркт“:
1. Стопер: Џонатан Тах (28), Баер Леверкузен, 30 милиони евра
2. Лев бек: Тео Ернандез (26), Милан, 60 милиони евра
3. Централен играч за врска Френки де Јонг (27), Барселона, 70 милиони евра
4. Централен играч за врска Асан Уедраого (18), Шалке, 8 милиони евра
5. Централен играч за врска Амаду Онана (22), Евертон, 50 милиони евра
6. Крило: Крис Фирих (26), Штутгарт, 25 милиони евра
7. Офанзивен играч за врска Чави Симонс (21), ПСЖ, 80 милиони евра
„Трансфермаркт“, веб-страница специјализирана за проценка на вредноста на фудбалерите, проценува дека споменатата листа на играчи вреди вкупно 323 милиони евра. Секако, тоа не значи дека Баерн треба да плати токму толку за нив, туку зависи од преговори, клаузули и многу други работи.
Спортските директори на Баварците, Макс Еберл и Кристоф Фројнд, наводно ја составиле оваа листа, а „Билд“ исто така истакнува дека тоа не значи дека сите ќе дојдат бидејќи желбите зависат од тренерот, но и од евентуална продажба на сопствените играчи.