Контакт

Вести

Седум цивилни жртви во американските напади во Сирија, HRW бара истрага

Објавено пред

Во американските воздушни удари врз позициите на џихадистите од исламската држава во северозападна Сирија загинале најмалку седум цивили, објави организацијата за човекови права Human Rights Watch (HRW), изразувајќи жалење и повикувајќи на покренување истрага за можно кршење на военото право.

dobivaj vesti na viber

По информациите за цивилните загуби во воздушните напади на меѓународната коалиција предводена од САД врз позициите на џихадистите од Исламската држава во Сирија, портпаролот на Пентагон, контраадмиралот Џон Кирби изјави дека американската армија „не располага со веродостојни информации од оперативни извори“ за загинување на цивили.Меѓутоа, Human Rights Watch (HRW), невладина организација за заштита на човековите права со седиште во Њујорк, пренесе искази коишто преку скајп и дале тројца жители на сириското село Кафр Дериан, во покраината Идлиб дека најмалку двајца мажи, две жени и пет деца загинале во ракетирањето од вторникот. Организацијата, сепак, наведува повикувајќи се на „непотврдени информации“ дека двајцата мажи можеби биле припадници на радикалната сунитска групација Фронтот ал-Нусра, сириски огранок на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, но додава дека не може да ги провери тие информации. Сепак, HWR смета дека видоснимките од воздушните удари потврдуваат дка цивилите загинале од американските крстосувачки ракети „Томахавк“.„САД и неговите сојузници во Сирија мораат да ги преземат сите можни мерки на претпазливост за да го спречат страдањето на цивилите“, предупреди во писмената изјава заменик директорот на HWR за Блискиот исток, Надим Хури.„Американската влада мора да спроведе истрага за можните незаконски удари во кои наводно се убиени цивили, да ги изнесе заклучоците во јавноста и да се обврзе дека ќе реагира доколку бидат утврдени пропусти“, додаваат од HWR./крај/мф/сн

Извор: AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Груби не побегна, рече Ахмети за поранешниот вицепремиер кој се бара со меѓународна потерница

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, ја коментираше ситуацијата со бегството на поранешниот вицепремиер во Владата ,...

Свет7 часа

Во авионската несреќа во Јужна Кореја загинаа сите патници меѓу кои пет деца, спасени двајца стјуарди

Сите патници загинаа во авионска несреќа во Јужна Кореја, со што бројот на жртви стигна до 179 лица. Има двајца...

Македонија8 часа

MВР: Приведено е лице за оддавање службена тајна

Полицијата синоќа привела лице поради „Оддавање на службена тајна“. Од МВР велат дека со него бил извршен службен разговор, одземен...

Свет9 часа

(Видео) Двајцата преживеани во авионската несреќа во Кореја биле најдени во делот од опашката на леталото

Двајцата потврдени преживеани во аионската несреќата во Јужна Кореја беа спасени од делот од опашката на авионот – единствениот дел...

Свет11 часа

Патник испратил порака до семејството пред катастрофата – најмалку 151 лице загина во авионската несреќа во Јужна Кореја

Бројот на жртви во авионската несреќа во Јужна Кореја порасна на најмалку 151 лице. Авионот на „Џеџу Ер“ се излизга...

Свет12 часа

Кобни шест минути во Јужна Кореја – во 8.57 авионот добил предупредување, во 9.03 се урнал

Претставници на јужнокорејското Министерство за транспорт открија критична секвенца од шест минути пред несреќата, пишува „Јонхап њуз“. Во 08:57, контролорите...

Свет13 часа

(Видео) Спасени маж и жена од запалениот авион во Јужна Кореја, загинаа 122 лица

Бројот на загинати во авионската несреќа на меѓународниот аеродром Муан во Јужна Кореја се искачи на 122 лица, со само...

Свет13 часа

(Видео) Авион се запали на писта во Јужна Кореја, најмалку 120 мртви – објавена е снимка од несреќата

Најмалку 120 лица загинаа кога патнички авион се запали на пистата на аеродромот во јужнокорејскиот град Муан, соопшти Националната противпожарна...

Македонија13 часа

Какво ќе биде времето на 31.декември и први јануари

На 31 декември и 1 јанури не’ oчекува стабилно и претежно сончево време. Според прогнозите на УХМР, времето на последниот...

Македонија1 ден

Деспотовски остана без пасош

Кривичниот суд го прифати барањето на скопското обвинителство за одземање на пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ и член на...

Топ1 ден

Грозоморни детали за случајот со дрвокрадците во Велес: со нож ги повредиле полицајците, се води постапка

Убоди од нож, закани со моторна пила под вратот – вистински ужас претрпеле тројцата припадници на шумската полиција во Велес,...

Македонија1 ден

„Воздухот ни е отров, власта ни е глува“ – скопјани излегоа на протест против загадувањето

Со пароли „Воздухот ни е отров, власта ни е глува“, „Партиска книшка штити од загадување???“ и повици за чист воздух,...

Свет1 ден

(Видео) Руската воздушна одбрана беше активна кога авионот на „Азербејџан ерлајнс“ се обиде да слета, рече Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските системи за противвоздушна одбрана биле активни кога авионот на „Азербејџан ерлајнс“ се обидел...

Македонија1 ден

Одземен пасошот на Рамиз Мерко – против струшкиот градоначалник ќе се водат 9 судски постапки, му се заканува затвор

Ново обвинение е покренато против струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, а одземен му е и пасошот. Струшкиот суд го прифати предлогот...

Македонија2 дена

Разрешена Миликије Халими – директорката на „Аеродроми“ чиешто образование лани предизвика лавина реакции

Миликије Халими е разрешена од директорската функција на „Аеродроми“, а за нов директор е именуван Игор Трајановски. Таа во минатото...

Свет2 дена

Зеленски: Севернокорејците преземаат екстремни мерки за да избегнат заробување

Севернокорејските војници распоредени во рускиот регион Курск претрпуваат големи загуби и руските сили не ги штитат, изјави украинскиот претседател Володимир...

Свет2 дена

Азербејџанскиот министер: Moжно е оружје да ја предизвикало авионската несреќа

Владата на Азербејџан јавно соопшти дека оружјето е можна причина за падот на патничкиот авион што се урна во близина...

Македонија2 дена

ОЈО: За осомничениот во „Адитив“ нема известување од Судот дека е недостапен

Во врска со денешната изјава на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во однос на можноста за определување мерки за...

Македонија2 дена

ОЈО отвори предмет, ќе истражува кој го следел премиерот Мицкоски

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија согласно своите законски овластувања веќе има оформен предмет по допрен глас врз основа на...

Македонија2 дена

Мицкоски: Доколку има девијантно однесување од трговците, ќе бидат преземени мерки, повеќето ги враќаат цените

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, кои се последните сознанија и каква е сега состојбата, после инспекциите за...