Спорт
Роналдо го избрка тренерот? Ал-Наср го сменија Гарсија со Јеличиќ

Саудискиот клуб Ал-Наср го потври заминувањето на францускиот тренер Руди Гарсија, еден ден откако шпекулациите велеа дека постои конфликт со Кристијано Роналдо и на негово место го ангажираше Хрватот Динко Јеличиќ.
„Ал-Наср објавува дека главниот тренер Руди Гарсија си замина од клубот со взаемен договор. Бордот и сите во Ал-Наср му се заблагодаруваат за неговата работа во последните осум месеци“, се вели во кратката објава на тимот.
Вчера се појавија шпекулации дека Гарсија влегол во конфликт со Кристијано Роналдо, откако Португалецот беше бесен по 0:0 ремито со Ал-Феиха, наводно лут на тактичките одлуки на тренерот. Гарсија ги критикуваше своите играчи откако клубот падна на третото место на табелата во Саудиската лига.
На местото на Гарсија доаѓа Јеличиќ, поранешниот тренер на хрватската сензација Рудеш, кој досега работеше во академијата на саудискиот клуб.
AlNassr can announce that Head Coach Rudi Garcia has left the Club by mutual agreement.
The board and everyone at AlNassr would like to thank Rudi and his staff for their dedicated work during the past 8 months. pic.twitter.com/6wx6p68f6N
— AlNassr FC (@AlNassrFC_EN) April 13, 2023
We can announce that our U19 coach, Mr. Dinko Jelicic will be the new head coach for the first team.
Good luck, Mr. Dinko 💛 pic.twitter.com/ty52cRSwDT
— AlNassr FC (@AlNassrFC_EN) April 13, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
УЕФА жестоко го казни Малме

Дисциплинската и етичка комисија на Европската фудбалска унија (УЕФА) објави дека го казнила Малме со вкупно 110.000 евра поради инцидентите што ги предизвикале навивачите на шведскиот клуб за време на натпреварите против Копенхаген во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите (ЛШ).
На 5 август, фудбалерите на Малме и Копенхаген одиграа без голови во Шведска во првиот натпревар од третото квалификациско коло за Лигата на шампионите на УЕФА. Во соопштението на УЕФА се наведува дека шведскиот клуб е казнет со вкупно 50.000 евра затоа што навивачите палеле факели и ги затворале приодите за време на натпреварот со Копенхаген.
Исто така, Малме доби условна забрана од две години да ја затвори северната трибина во следниот натпревар како домаќин во европските клупски натпреварувања.
УЕФА изјави дека навивачите на Малме предизвикале инциденти и на реванш натпреварот против Копенхаген (0:5), кој се одигра на 12 август во Данска. Малме е казнет со 60.000 евра затоа што неговите навивачи фрлале предмети, кршеле столчиња и палеле факели за време на натпреварот против Копенхаген.
Исто така, шведскиот клуб доби двегодишна условна забрана за продажба на билети на своите навивачи за следната посета на натпреварите на УЕФА.
Спорт
Лидс потроши 20 милиони евра за напаѓач што минатата сезона постигна ниеден гол

Фудбалерот Ноа Окафор потпиша четиригодишен договор со Лидс. Швајцарецот (25) доаѓа од италијанскиот Милан и може да игра на двете крилни позиции, но и како централен напаѓач доколку е потребно.
Лидс му плати на Милан 20,5 милиони евра, а Окафор доби договор вреден 2,4 милиони евра по сезона до 2030 година.
Окафор постигна само еден гол со две асистенции на 21 натпревар во сите натпреварувања минатата сезона.
Окафор ја започна својата кариера во Швајцарија во Базел, каде што беше прогласен за најдобар млад играч на Суперлигата.
Потоа се пресели во Салцбург, каде што одигра повеќе од 100 натпревари во сите натпреварувања и постигна 57 гола.
Спорт
Милвоки донесоа засилување од Лос Анџелес

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс, Амир Кофи, е нов играч на Милвоки, објави франшизата од Висконсин.
Овој 28-годишен крилен кошаркар ја помина целата своја НБА кариера со Клиперс. Своите најдобри натпревари ги имаше минатата сезона, кога играше во просек 24,3 минути, постигнувајќи 9,7 поени по натпревар.
Кофи, одигра вкупно 72 натпревари за Клиперс минатата сезона, забележувајќи 2,2 скока и 1,1 асистенција, додека шутираше со 47,1 процент од поле и одлични 40,9 проценти за три поени.
Во текот на својата кариера, Кофи има просек од 6,7 поени, 1,9 скока и 1,1 асистенција по натпревар.
Минатата сезона, Милвоки го заврши натпреварувањето во НБА лигата во првото коло од плејофот, со поразот во серијата против Индијана.