Спорт
Британците и Американците формираа паралелна аматерска боксерска федерација

Велика Британија и САД формира паралелна аматерска боксерска организација, Ворлд боксинг (ВБ), во обид да го спасат местото на спортот на Олимпијадата во Лос Анџелес во 2028 година.
Новата федерација е ривал на долговечната Интернационална боксерска асоцијација (ИБА), која е суспендирана од Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) поради скандалите во водството, финансиите и посебно судењето. На ОИ во Париз во 2024 година, боксерските натпреварувања ќе ги организира ИОЦ, слично како во Токио 2020, но спортот е целосно изоставен од програматта за Лос Анџелес во 2028 година.
На новата федерација покрај Британија и САД, се приклучија и Холандија, Филипините и Шведска.
„Клучно е боксот да остане во срцето на олимпиското движење и да се одржат врските и довербата помеѓу тие кои водат спортот и ИОЦ. Нашата федерација ќе биде финансиски транспарентна со јасна структура и со интегритет“, вели директорот на Британската боксерска асоцијација, Метју Холт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Македонската ракометна репрезентација оди на Европско, вечерва ја победи Литванија

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва ја победи Литванија во Спортскиот центар „Јане Сандански“ и обезбеди пласман на 17. Европско првенство кое ќе се одржи следната година во Скандинавија.
Македонија ја победи Литванија со 26:17. Литванците поведоа на почетокот на натпреварот со 0:4, но во вториот дел Македонија доминираше и победи со девет гола разлика.
Европското првенство ќе се одржи во јануари следната година во Норвешка, Данска и Шведска. Жрепката за групната на Европското првеснтво ќе биде в четврток.
Спорт
Барса го нокаутира Реал, публиката виде спектакуларни седум гола на натпреварот

Фудбалерите на Барселона го победија Реал Мадрид четврти пат во тековната сезона. На натпреварот паднаа спектакуларни седум гола, а резултатот е 4:3.
Со оваа победа Ханси Флик се доближи со нова шампинска титула односно “триплет” по веќе освоените Суперкуп на Шпанија и Куп на кралот.
Во секој од натпреварите Барселона го победи Реал, а вкупно оваа сезона ги доби сите четири пресметки против “кралскиот клуб”.
Публиката го оцени тукушто завршениот натпревар како еден од најдобрите меѓу ривалите.
Почетокот најавуваше целосно спротивен исход, откако Реал по 14 минути водеше со високи 2:0, со два гола на Килијан Мбапе.
Во 3. минута беше досуден пенал над Французинот, кој сам го реализираше за водство на гостите. Веќе во 14. минута нов шок за Барса и целосна тишина на стадионот, кога Мбапе избега зад грбот на високо поставената одбрана на ривалот и лесно го совлада Шчењи.
Веќе во 19. минута Ерик Гарсија после корнерот од левата страна го намали водството на 1:2. Се чекаше изеднадување до 32. минута кога Ламин Јамал за три минути донесе пресврт со два маестрални гола. Посебно извонредна беше мајсторијата на Јамал, во негов стил, но и онаа на Рафња кој од својата позиција после пресингот доведе до 3:2.
Истиот играч во 45. минута изврши притисок на Лукас Васкес, му ја зњсњ топката, одигра дупли пас со Феран Торе, и ефектно ја смести топката во мрежата за 4:2. Нокаутот на Реал, не го спаси ни Мбапе кој во второто полувреме, во 70. минута ја намали разликата на 4:3.
Имаше поништени голови на двете страни, но и промашени зицери, пред сè на Реал во 89. и 90. минута.
Спорт
Нема билети за вечерашниот ракометен меч меѓу Македонија и Литванија

Билетите за вечерашниот ракометен натпревар меѓу Македонија и Литванија во Спортскиот центар „Јане Сандански“ се распродадени. Во пресрет на натпреварот селекторот на Македонија го објави тимот за последниот квалификациски натпревар за Европското првенство 2026 Ќе играат истите играчи кои Талин ја победија Естонија. Голман е биде Мартин Томовски.
Натпреварот почнува во 18 часот.