Спорт
Севилја со фантастичен камбек на „Олд Трафорд“, Јуве со „минималец“ против Спортинг

Манчестер јунајтед имаше предност од два гола по дваесет минути игра, но прими два гола во финишот на мечот, за да одигра само 2:2 со Севилја во првиот меч од четврт-финалето на Лига Европа, додека Јувентус стигна до минимална 1:0 предност против Спортинг Лисабон.
На „Олд Трафорд“, прва ѕвезда беше Австриецот Марсел Забицер, кој во отсуство на повредениот Маркус Рашфорд ја презеде улогата на голгетер на тимот. Тој во две брзи акции во кои избегна офсајд постигна два гола во 14. минута и во 21. минута за да донесе рана 2:0 предност, по што „ѓаволите“ не искористија повеќе шанси пред противничкиот гол, за во 85. минута Хезус Навас да успее со помош на Тајрел Маласија да ја смести топката во мрежата на Де Хеа. Во 93. минута, Севилја успеа да направи фантастичен пресврт, откако Јусеф Ел Насири, овојпат со помош на Хери Мегваер донесе одличен резултат за шпанскиот клуб.
What a Goal from Ennesyri 🔥🔥🔥 pic.twitter.com/5gwzJiFH2z
— Hanane ⵣ 🇲🇦 (@nf_natiion) April 13, 2023
Јувентус, пак, се намачи, но направи 1:0 предност против Спортинг Лисабон, иако највпечатливиот и најстрашниот момент на мечот беше во финишот на полувремето, кога голманот Војчех Шчесни побара замена жалејќи се на болки во градите. Тој замина во солзи од стадионот, но првите информации велат дека не се работи за нешто посериозно. Победата ја осигура Федерико Гати во 73. минута.
Белгискиот Униион Сен Жил, пак, ги изненади Баер Леверкузен со голот на Виктор Бонифаче во 51. минута, а Флоријан Вирц во 83. минута да израмни.
ЛИГА ЕВРОПА, 1/4 ФИНАЛЕ, 1.МЕЧ
Баер Леверкузен – Унион Сен Жил 1:1
Јувентус – Спортинг Лисабон 1:0
Манчестер јунајтед – Севилја 2:2
КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА ЕВРОПА, 1/4 ФИНАЛЕ, 1.МЕЧ
Андерлехт – АЗ Алкмар 2:0
Базел – Ница 2:2
Лех Познањ – Фиорентина 1:4
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Реал ја победи Борусија Дортмунд

Списокот на учесници во полуфиналето на Светското клупско првенство е комплетиран. Во последниот натпревар од четвртфиналето на стадионот „Мет Лајф“ во Њу Џерси, Реал Мадрид ја победи Борусија Дортмунд со 3:2.
Чаби Алонсо за нешто помалку од еден месец колку што е тренер на Реал, на големата сцена го промовираше Гонзало Гарсија.
Момчето од клупската академија го постигна четвртиот гол на првенството, моментално е израмнет на првото место на листата на стрелци и е сериозен кандидат да биде главен хит на ова прво клупско Светско првенство.
21-годишниот централен напаѓач му донесе водство на Реал во 10-та минута по асистенцијата од Арда Гулер. Неговиот имењак Фран го зголеми резултатот на 2:0 десет минути подцна.
Реал ја држеше предноста до финишот, а потоа во судиското надополнување беа постигнаи уште три гола.
Максимилијан Баер намали на 2:1 во 92-та, а една минути подцна Килијан Мбапе му ја врати на Реал предноста од два гола. Хујсен во 95-та минута доби црвен картон, а Гираси од пенал во 98-та минута го постави конечниот резултат.
На крајот, може да се каже дека херој е Тибо Куртоа, кој во десеттата минута од судиското продолжение го одбрани ударот на Марцел Сабицер, со кој Реал обезбеди пласман во полуфиналето на Светското клупско првенство.
Во полуфиналето, Реал ќе игра против актуелниот европски шампион, Пари Сен Жермен. Флуминенсе и Челзи се среќаваат во второто полуфинале.
Спорт
Томас Милер го одигра својот последен натпревар за Баерн

Легендата на Баерн и германскиот фудбал, Томас Милер, го одигра својот последен натпревар во дресот на Баварците. Фудбалерите на Пари Сен Жермен го победија тимот на Баерн со 2:0 и се пласираа во полуфиналето на Светското клупско првенство во САД.
Томас Милер играше за германскиот тим во финишот од натпреварот. 35-годишниот фудбалер влезе на теренот во 80-та минута наместо Кингсли Коман и тоа беше неговиот последен натпревар во дресот на Баерн.
Германскиот ветеран не доби нов договор и во април го објави своето заминување од Минхен на крајот од сезоната.
Томас Милер е дете на Баерн, целата своја кариера ја помина со Баварците. Дебитираше за првиот тим во 2007 година и одигра вкупно 756 натпревари, постигна 250 голови и запиша 276 асистенции.
Тој е еден од најтрофејните фудбалери во историјата. Во дресот на Баерн, освои точно 33 трофеи.
„Danke für alles, Томас!“, објави Баерн на социјалните мрежи со емотикон од срце.
Спорт
Игор Жесус го засили Нотингем Форест

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус се пресели од Ботафого во Нотингем Форест.
„Шумарите“ објавија дека потпишала четиригодишен договор со 24-годишниот фудбалер, до летото 2029 година.
Клубовите не ја објавија сумата на трансферот, но медиумите известуваат дека станува збор за околу 10 милиони фунти (околу 12 милиони евра).
Жезус ја започна својата професионална кариера во бразилскиот клуб Коритиба, потоа играше за Шабаб Ал Ахли од Обединетите Арапски Емирати пред да се приклучи на Ботафого во 2024 година.
Напаѓачот одигра 59 натпревари за клубот од Рио де Жанеиро во сите натпреварувања и постигна 17 гола.
Тој особено се истакна на Светското клупско првенство, помагајќи му на Ботафого да се квалификува во нокаут фазата, постигна два гола, вклучувајќи го и победничкиот гол против европскиот шампион Пари Сен Жермен.
Foto/ EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO