Спорт
Лекција по фер-плеј

Лисандро Маринез се повреди на натпреварот помеѓу Манчестер јунајтед и Севиља на „Олд Трафорд“.
Неколку моменти откако Севиља намали на 1-2, Мартинез ја имаше контролата над топката кога наеднаш падна на тревникот.
Менаџерот на тимот, Ерик Тен Хаг, по натпреварот оцени дека повредата е сериозна и шпекулираше дека Јунајтед би можел да биде без негова помош на реваншот од четвртфиналето на Лига Европа во Севилја, каде ќе се обиде 2:2 да ги претвори во пласман во полуфиналето.
Она што ги воодушеви светските медиуми и корисниците на социјалните мрежи е фотографијата направена неколку моменти по повредата на Аргентинецот од Јунајтед и малку пред да биде однесен од стадионот во соблекувалната на носилки.
„Лекција за фер-плеј“, дел од медиумите го опишуваат моментот во кој играчите на Севиља Гонзало Монтиел и Маркос Акуња, инаку соиграчи на Мартинез од аргентинската репрезентација, го носат повредениот пријател надвор од теренот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
УЕФА жестоко го казни Малме

Дисциплинската и етичка комисија на Европската фудбалска унија (УЕФА) објави дека го казнила Малме со вкупно 110.000 евра поради инцидентите што ги предизвикале навивачите на шведскиот клуб за време на натпреварите против Копенхаген во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите (ЛШ).
На 5 август, фудбалерите на Малме и Копенхаген одиграа без голови во Шведска во првиот натпревар од третото квалификациско коло за Лигата на шампионите на УЕФА. Во соопштението на УЕФА се наведува дека шведскиот клуб е казнет со вкупно 50.000 евра затоа што навивачите палеле факели и ги затворале приодите за време на натпреварот со Копенхаген.
Исто така, Малме доби условна забрана од две години да ја затвори северната трибина во следниот натпревар како домаќин во европските клупски натпреварувања.
УЕФА изјави дека навивачите на Малме предизвикале инциденти и на реванш натпреварот против Копенхаген (0:5), кој се одигра на 12 август во Данска. Малме е казнет со 60.000 евра затоа што неговите навивачи фрлале предмети, кршеле столчиња и палеле факели за време на натпреварот против Копенхаген.
Исто така, шведскиот клуб доби двегодишна условна забрана за продажба на билети на своите навивачи за следната посета на натпреварите на УЕФА.
Спорт
Лидс потроши 20 милиони евра за напаѓач што минатата сезона постигна ниеден гол

Фудбалерот Ноа Окафор потпиша четиригодишен договор со Лидс. Швајцарецот (25) доаѓа од италијанскиот Милан и може да игра на двете крилни позиции, но и како централен напаѓач доколку е потребно.
Лидс му плати на Милан 20,5 милиони евра, а Окафор доби договор вреден 2,4 милиони евра по сезона до 2030 година.
Окафор постигна само еден гол со две асистенции на 21 натпревар во сите натпреварувања минатата сезона.
Окафор ја започна својата кариера во Швајцарија во Базел, каде што беше прогласен за најдобар млад играч на Суперлигата.
Потоа се пресели во Салцбург, каде што одигра повеќе од 100 натпревари во сите натпреварувања и постигна 57 гола.
Спорт
Милвоки донесоа засилување од Лос Анџелес

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс, Амир Кофи, е нов играч на Милвоки, објави франшизата од Висконсин.
Овој 28-годишен крилен кошаркар ја помина целата своја НБА кариера со Клиперс. Своите најдобри натпревари ги имаше минатата сезона, кога играше во просек 24,3 минути, постигнувајќи 9,7 поени по натпревар.
Кофи, одигра вкупно 72 натпревари за Клиперс минатата сезона, забележувајќи 2,2 скока и 1,1 асистенција, додека шутираше со 47,1 процент од поле и одлични 40,9 проценти за три поени.
Во текот на својата кариера, Кофи има просек од 6,7 поени, 1,9 скока и 1,1 асистенција по натпревар.
Минатата сезона, Милвоки го заврши натпреварувањето во НБА лигата во првото коло од плејофот, со поразот во серијата против Индијана.