Спорт
Челзи ја намали листата на две имиња – кој ќе го замени Потер?
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/000x600.jpg)
Челзи од следната сезона ќе го предводат или Луис Енрике или Јулијан Нагелсман, објавија реномирани британски медиуми.
Сопственикот на Челзи, Тед Боли дефинитивно одлучил или Шпанецот или Германецот да го преземат тимот на крајот од сезоната, кога истекува привремениот договор со Френк Лампард.
Нагелсман добил официјална покана од Боли да дојде во Лондон на средба, со цел да го претстави проектот за следната сезона, пред да биде донесена конечната одлука.
Сопственикот на Челзи пред десетина дена се сретнал и со Луис Енрике.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Необична приказна за големите гиганти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/pivo.jpg)
Полуфиналните двојки на Европското првенство во Германија се Шпанија – Франција и Холандија – Англија.
Покрај приказната за борбата на европските гиганти за шампионската титула, во фокусот се најде и една несекојдневна, која не е поврзана со фудбалот.
Англичаните и Холанѓаните својот меч го играат во домот на Борусија, Дортмунд. A холандскиот новинар Марсел ван дер Краан за „Sky Sports“ носи необична информација која веројатно ќе ги загрижи двете навивачки бази лоцирани во тој град.
Имено, се проценува дека на денот на натпреварот во Дортмунд ќе се испијат приближно 1,2 милиони пива.
Тој додава дека се очекуваат меѓу 80 и 85 илјади холандски навивачи, што е нивна најголема инвазија досега.
„Имаме страв дека ќе снема пивото“, рече новинарот, а потенцираше и дека фан зоните го немаат капацитетот што се очекува од здружените навивачи на двата тима.
Извесно е дека нема сите да бидат на стадионот, но атмосферата на плоштадите ќе биде вжештена.
Натпреварот е закажан за в среда 10.07.2024. во 21 часот.
Спорт
ШАХ: започна трката за двете места во елитната дивизија; ШК Мулти Есенс стартуваше со победа во првиот настап
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Multi-Esens-2-Liga-2024_1kolo.jpg)
Вчера во Струга се одиграа партиите од првото коло од Втората шаховска лига на Македонија, во која настапува и новоформираниот шаховски клуб „Мулти Есенс“, кој, во согласност со стратегијата на компанијата „Алкалоид“ АД Скопје, ќе биде полигон за калење млади шахисти во сениорска конкуренција.
Откако пролетва успешно ги минаа квалификациите, младинците од шаховската школа на нашиот најтрофеен колектив стартуваа со победа во првиот настап. Совладан е ЖШК Прилеп со резултат 3,5 : 2,5, што отсликува дека се играше борбено и без калкулации.
За ШК Мулти Есенс се повикани Теодор Јовановски (2.112), Стојан Велкоски (2.070), Матео Ефтовски (2.005), Андреј Иванов (1.905), Стефан Мелник (1.874), Дино Табаковски (1.852) и Кирил Николовски (1.842).
Во согласност со пропозициите, се игра на шест табли, а дозволено е тимовите да имаат најмногу по двајца странски играчи. Раководството на тимот вклучи двајца млади велемајстори: ВМ Лука Драшковиќ од Црна Гора (2.492) и ВМ Лука Будисављевиќ од Србија (2.478), кои ќе внесат искуство и стабилност. Тоа и се случи, па двете победи на првите две табли ја олеснаа ситуацијата, по што со ремито на Теодор Јовановски на третата табла и со победата на Матео Ефтовски на петтата табла беа освоени потребните поени за победа.
– Очекувано, првиот настап донесе мала возбуда и трема кај играчите. Сепак, најбитно е што излеговме како победници од овој дуел. На четвртата и на шестата табла играчите доживеаја релативно брзи порази, односно не го покажаа своето вистинско ниво и не ги исполнија очекувањата. Со мала промена во составот одиме во денешното второ коло, каде што повторно играме на победа против екипата на ШК Ласкер од Охрид, изјави капитенот на ШК Мулти Есенс, велемајсторот Трајко Недев.
На другите мечеви од првото коло фаворитите ја потврдија својата улога, па така ШК Кочани со 4,5 : 1,5 го совлада МШК Центар, а со идентичен резултат ШК Нов напредок од Штип го победи ШК Шах Шех од Битола. Најубедливо славеше ШК 7 Ноември, кој одигра 5:1 против ШК Шкендија од Тетово, додека, пак, со минимални 3,5 : 2,5 славеше ШК Карпош против ШК Ласкер од Охрид.
ПР
Спорт
Кошаркарите на Грција ја елиминираа Хрватска
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/JANIS.jpg)
Кошаркарите на Грција во финалето од квалификациите за Олимписките игри ја совладаа селекцијата на Хрватска со 80:69 и изборија учество на турнирот во Париз.
Грците ја оправдаа улогата на фаворити на квалификацискиот турнир во Пиреја и по пауза од 2008 година, од последниот настап на Олимписките игри во Пекинг, повторно ќе бидат дел од Игрите, овојпат во Париз.
Хрватска вторпат по ред ќе го пропушти олимпискиот турнир, последен пат играа во Рио де Женеиро во 2016 година и го освоија петтото место.
Грција на Олимпијадата ќе игра во групата А против Канада, Австралија и победникот од дуелот меѓу Шпанија и Бахамите.
На дуелот против Хрватска најефикасен беше Јанис Антетокоунмпо со 23 поени, а Јоргос Папаѓанис постигна 19 поени. Кај Хрватите се истакнаа Ивица Зубац и Дарио Шариќ кои забележаа дабл-дабл учинок. Зубац имаше 19 поени и 12 скока, а Шариќ 14 поени и 12 скока. Матео Дрежњак и Марио Хезоња постигнаа по 15 поени.