Свет
(Видео) Силен циклон ја погоди Австралија
Тропскиот циклон Илса го погоди северозападниот брег на Австралија како бура од петта категорија, поставувајќи нови рекорди за брзина на ветерот.
Циклонот во голема мера ги поштеди населените региони, соопштија денеска властите во земјата.
Циклонот Илса го погодил копното рано утринава, со највисок интензитет на скала од 1 до 5, а потоа се преселил во внатрешноста на земјата, што ги натерало екипите за итни случаи да повикаат неколку оддалечени заедници долж патеката на бурата да бараат засолниште и да останат во затворени простории, објави Ројтерс.
Илса постави нов австралиски рекорд на брзина на постојан ветер од десет минути од 218 километри на час на островот Бедоут, околу 40 километри од брегот, надминувајќи го претходниот рекорд од 194 километри од циклонот Џорџ на истата локација во 2007 година, соопшти Бирото за метеорологија.
Во текот на ноќта Илса треба да ослабне и да се пресели во јужните делови.
На одредени места се предвидуваат обилни врнежи од дожд кои може да предизвикаат поројни поплави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

