Македонија
Маричиќ-Албарез: Северна Македонија го засилува европското темпо за реформи и фондови, уставните измени клучни за тоа
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска оствари средба со министерот за надворешни работи, ЕУ и соработка на Кралството Шпанија, Хозе Мануел Албарез Буено, кој е во еднодневна официјална посета на Северна Македонија.
Маричиќ на почетокот за заблагодари за поддршката што Шпанија ја дава на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија и укажа дека меѓусебната поддршка, како и добрите билатерални односи, го потврдуваат искреното пријателство меѓу Северна Македонија и Шпанија, кое следната година слави 30 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете држави.
– Поддршката од Шпанија за евроинтегративниот процес и реформите продолжува, за нас е клучно на време да ги завршиме нашите обврски. Шпанското претседателство со Европската Унија ќе одигра огромна улога за нашиот напредок во следната фаза на преговорите и нашата позиција во пакетот за следното проширување на ЕУ, рече Маричиќ на состанокот.
Министерот за надворешни работи, ЕУ и соработка на Кралството Шпанија, Хозе Мануел Албарез Буено потврди дека Северна Македонија може да смета на поддршката за забрзување на преговорите со ЕУ и дека не е случајна неговата посета на регионот, во пресрет на шпанското претседателство со Унијата.
Маричиќ го брифираше шпанскиот министер за текот на скрининг процесот, а во таа насока Албарез посочи дека Северна Македонија има напредок и дека го засилува европското темпо за повеќе фондови и брзи реформи, но дека уставните измени остануваат клучни за брзата интеграција на државата во ЕУ.
Соговорниците изразија верување дека скринингот ќе помине во најдобар ред и во планираниот временски рок, како би можеле за време на нивното претседателство со ЕУ, заедно да работиме на следната фаза на преговорите со ЕУ и отворањето на Кластерите.
Вицепремиерот Маричиќ и главен преговарач со ЕУ го запозна Албарез со новата иницијатива на министрите за евроинтеграции од земјите на Западен Балкан, кои следниот месец треба да се сретнат во Белград, за да ја договорат заедничка соработка во преговорите со ЕУ и настапување пред Европската комисија, која Албарез ја поздрави и за посака успех.
Вицепремиерот Маричиќ кој е и национален координатор на ИПА се заблагодари на Шпанија за нивниот интерес за поддршка на клучни проекти во областа на заштитата на животната средина и пред се Охридското Езеро и за соработката преку Твининг инструментот, конкретно за финансиската помош да се имплементира проект за усогласување на работењето во согласност со поштенската директива на ЕУ, во вредност од 600.000 евра, кој заврши во 2022 година.
– Одличните билатерални односи и соработка која ја имаме во реализација на реформите, во многу области преку ИПА програмата, од денеска ја продлабочуваме и во процесот на пристапните преговори со ЕУ, што ја потврдува поддршката и искреното пријателство помеѓу двете држави, истакна Маричиќ.
Од Секретаријатот за европски прашања информираат дека вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ остварил и тет-а-тет средба со министерот за надворешни работи, ЕУ и соработка на Кралството Шпанија, Хосе Мануел Албарез Буено, на која биле отворени важни теми поврзани со европската перспектива на регионот и поддршката на земјите членки на ЕУ за брз напредок на Северна Македонија.
Министерот за надворешни работи, ЕУ и соработка на Кралството Шпанија, Хозе Мануел Албарез Буено, денеска со неговата посета на Скопје ја заврши турнеја во регионот, во чии рамки ги посети и Република Србија и Албанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)
Македонија
СДСМ-Кисела Вода бара итна исплата на надоместоците за избирачките одбори
Општинската организација на СДСМ-Кисела Вода од градоначалничката на оваа општина бара итно постапување по одлуката на Советот на Општина Кисела Вода од 7-та пленарна седница одржана на 29 јануари 2026 година, со која е предвидена исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори од последните локални избори.
Во писмото се наведува дека одлуката е донесена, средствата се обезбедени, но дека изостанува извршната постапка.
„Одлуката е донесена. Обврската е јасна. Средствата се обезбедени. Она што недостасува е – Ваша извршна постапка“.
Од СДСМ – Кисела Вода порачуваат дека станува збор за средства обезбедени од државата за реализација на изборниот процес и оценуваат дека секое понатамошно одлагање претставува поткопување на институционалниот интегритет.
Тие бараат најдоцна до утре да се пристапи кон исплата на средствата согласно одлуката на Советот.
Во спротивно, советничката група на СДСМ најавува испраќање официјален допис до Државната изборна комисија, известување до Министерството за локална самоуправа и информирање на претставници на меѓународната заедница.
Македонија
Николоски: Филипче се однесува како бомбаш самоубиец во обид да го заштити столчето во СДСМ
Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДСМ и стратешките пријатели.
„Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДС, јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДС, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и буквално се однесува како бомбаш самоубиец, сакајќи да се заштити себе и сопствената позиција во партијата и уништува се околу себе“ појасни Николоски.
Вицепремиерот истакна дека лагите и обвинувањата од страна на Филипче се гол популизам, затоа што во исто време создава токсична атмосфера во општеството којашто не е добра за Македонија.
„Најголем проблем е што овој начин на комуникација создава една токсична атмосфера во општеството, создава една атмосфера којашто не е добра и нешто што нејќе Македонија да го види. Во исто време не кара и со стратешките пријатели, знаете дека цела кампања водеше против Велика Британија со којашто потпишавме стратешки договор и со којашто имаме стратешко партнерство“, нагласи Николоски.
Во однос на обвинувањата од Филипче во делот за превозниците, Николоски е дециден дека овој наследен проблем се решава со дијалог со ЕУ.
„Пред неколку недели превозниците од Македонија и целиот регион со право ги блокираа граничните премини коишто одат кон Шенген зоната со барање да ЕК започне дијалог за решавање на проблемот за престој за професионалните возачи во рамките на Шенген зоната. Нивното основно барање беше да се започне дијалог. Планот нивни беше да блокада трае 7 дена, да на четвртиот ден излезе претседателката на ЕК и каже дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ којшто се вика Нова визна стратегија на ЕУ со којшто документ возачите се признати како професионалци, тоа беше едно од основните барања и во рамки на овој дијалог којшто се води во моментот треба да се донесат конечните решенија. Никој никаде а камо ли во систем како ЕУ; дека за две недели сите работи ќе бидат решени, туку тоа што јас го кажав дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по којшто ќе се оди“, истакна Николоски.

