Спорт
Николиќ: Зависиме од мечот Будуќност – Борац и МЗТ Скопје ќе чека исход без да коментира

Тимот на МЗТ Скопје ја победи Цибона со 87:74 во последното коло на АБА лигата и ја заврши својата работа околу опстанокот. Сега доаѓа потешкиот дел, каде МЗТ Скопје зависи од резултатот на мечот меѓу Будуќност и Борац. На македонскиот првак му е потребна победа на фаворитот и домаќин Будуќност за да обезбеди опстанок во елитата од регионалното кошаркарско натпреварување.
Тренерот Драган Николиќ не го криеше своето задоволство од триумфот над Цибона и се надева на поволен развој на настаните за МЗТ Скопје Аеродром.
„Игравме против еден гигант, Цибона, кому му посакувам многу среќа во продолжение од сезоната. Се навикнав МЗТ Скопје да игра во ваква атмосфера, салата беше полна и покрај периодот на празниците. Јас би издвоил две работи, победата ја посветувам на мојот покоен татко кому ќе му беше роденден. Сакам да се заблагодарам и на моите соработници, кои го водеа тимот во Сплит до победа, кога јас бев болен и не можев да сум на клупата. Зависиме од средбата Будуќност – Борац, но ние сме МЗТ Скопје и не би сакал да коментирам за ситуацијата, само ќе чекаме“, изјави Николиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Влаховиќ го блокира Јувентус

Италијанските медиуми пишуваат за намерата на Душан Влаховиќ да остане во Јувентус, неговиот договор истекува следното лето.
„Corriere della Sera“ пишува дека Влаховиќ го блокира Јувентус, кој сака да го доведе Џонатан Давид во своите редови.
Дејвис би пристигнал како слободен игрч, но ќе добива околу шест милиони евра по сезона.
Влаховиќ, со плата од 12 милиони евра, е „ортома околу вратот“ на клубот од Торино, кој би претпочитал веднаш да го продаде.
Српскиот напаѓач е член на Јувентус од јануари 2022 година, кога пристигна од Фиорентина за 83,5 милиони евра.
Оттогаш, тој одигра 145 натпревари за „Старата дама“ и постигна 58 гола.
Спорт
Жоао Педро во Челси

Челзи постигна договор со Брајтон и Жоао Педро ќе стане нов играч на „сините“.
Брајтон ќе инкасира 50 милиони фунти, односно околу 60 милиони евра, а 23-годишниот ќе потпише договор откако претходно, во текот на денот ќе ги мине лекарските прегледи.
Минатата сезона, Жоао Педро постигна 10 гола и запиша седум асистенции во 30 настапи во сите натпреварувања, додека сезоната претходно имаше учинок од 20 гола и три асистенции во 40 настапи.
Со трансферот на Педро, Челзи ја заврши целосната реконструкција на напаѓачката линија.
Ова лето, Челзи договори за три трансфери на напаѓачи во вредност од 145 милиони фунти, односно 170 милиони евра. Во клубот пристигнаа покрај Жоао Педро, Лијам Делап и Џејми Гитенс.
Спорт
Клоп: Ливерпул даде премногу пари за Вирц

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, смета дека сумата што неговиот поранешен клуб ја инвестираше во трансферот на Флоријан Вирц е претерана.
„Црвените“ го срушија рекордот во Премиер лигата со тоа што платија 116 милиони фунти на Баер Леверкузен за германскиот репрезентативец.
„Без сомнение, тоа е претерана сума, а играчот на Ливерпул знае дека ако работите не одат добро во два или три натпревари… Сите се согласуваме дека зборуваме за одличен играч. Знам дека еднаш реков дека ако платиме 100 милиони евра за играч, ќе си заминам. Но, светот се менува. Тоа е пазарот“, рече Клоп.