Македонија
(Видео) Стоилковски: Резервниот премиер за да покрие нечесни намери во договорот со „Бехтел и Енка“ повторно посегна по лаги
Според портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, владата на ДУИ и СДС и резервниот премиер Димитар Ковачевски, повторно посегнуваат по лаги не знаејќи како да се покријат за очигледните нечесни намери во договорот со Бехтел и Енка.
По не знам кој пат повторуваат, како што посочува тој, дека трасата за автопатот Кичево-Охрид била згрешена и дека проектот бил направен во 2013 година.
„А, фактите се следните:
– Трасата за автопатот Кичево-Охрид е избрана во периодот 2002 година, кога со Агенцијата за државни патишта управува кадар на ДПА, сегашен коалиционен партнер на СДС.
– Основниот проект за изградба на автопатот Кичево-Охрид е изработен од проектантот Маврово (Прима инженеринг), ЗИМ (Завод за испитување материјали) и Балкан консалтинг во 2003/2008/2009 година.
– Основниот проект е ревидиран во 2014 година од страна на Градежниот факултет во Скопје, а делови од ревизијата се правени и многу порано при изработката на проектите.
– Во 2013 и 2014 година од страна на Градежниот факултет во Скопје е изработен и т.н. инфраструктурен проект за автопатот Кичево-Охрид, што е проект за тоа на кои парцели и каква инфраструктура има на трасата и врз основа на кој се врши експропријација на земјиштето. Сосема нормално е што во текот на градбата, за вакви големи проекти е тие да се надополнуваат поради промена на терен и јавување на нов градби.
И најголемиот факт наспроти искажаните лаги:
– До денеска не е направена апсолутно никаква промена на трасата за овој автопат Кичево- Охрид“, подвлекува Стоилковски.
Потпишаа, како што вели, еден куп на Анекси, со еден куп дополнителни работи, но проектот и понатаму стои.
ДУИ и СДС, додава тој, не знаат како да реализираат автопат кој што им беше предаден 50% завршен, за кој што постои целосен ревидиран главен проект, за кој што постои обезбедено финансирање со каматна стапка од 2%, каде надзорот го прават двете најголеми и најискусни надзорни компании од Македонија и каде договорот транспарентно беше усвоен во Собранието на Република Македонија.
Единствена причина, според Стоилковски, поради која не се завршува автопатот Кичево-Охрид е неспособноста на Владата на ДУИ и СДС.
„И наместо да го завршат автопатот Кичево-Охрид, ДУИ и СДС пројавуваат амбиција да водат уште поголем автопатски проект, неколку пати поголем од автопатот Кичево-Охрид, каде се уште нема изработено главни проекти, каде се уште не е обезбедено надворешно финансирање, каде надзорот ќе го врши фирма со искуство во текстилна индустрија и со договор кој се крие од јавноста“, истакнува Стоилковски.
И врв на се, како што вели, со овој мега проект треба да раководи министер (вицепремиер) од ДУИ кој од градежништво знае како да купува дуќани во центарот на Скопје и хотели на Попова Шапка по багателни цени. Но, затоа цените на автопатот според она што самите го објавија, се највисоките во регионот по должен километар.
Оценува дека понижувањето што СДС му го прави на македонскиот народ нема граници.
Според Стоилковски, наместо со проектот да раководи Министерството за транспорт и врски кое што е надлежно министерство за оваа област, целиот проект се дава во рацете на ДУИ, на првиот надпремиер Груби и на директорот на ЈПДП кадар на ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло
Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад од кучиња скитници.
„Доктор од Клиничка болница Битола пријави дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено двегодишно дете од Битола, кое, според пријавеното, додека си играло во близина на семејната куќа во Битола, било нападнато од кучиња скитници. Детето е пренесено во Комплекс клиники ’Мајка Тереза‘ во Скопје“, соопшти МВР.
СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.
Македонија
Измамена 76-годишна битолчанка: се претставил како лекар и ѝ зел 7.000 евра за да ја спаси внуката повредена во сообраќајка
Во полицијата во Битола, 76-годишна жена вчера пријавила дека била измамена за 7.000 евра.
„76-годишна жена од Битола пријави дека била измамена од страна на непознато машко лице, кое и се јавило на телефон и ѝ се претставило како лекар, по што и кажало дека нејзината внука е тешко повредена во сообраќајна несреќа и треба да даде пари за да ѝ го спаси животот. Пријавителката заедно со сопругот однеле 7000 евра и ги дале на едно лице кое, според договорот, ги чекало кај саатот во Битола. Подоцна, пријавителката сфатила дека била измамена односно дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа“, соопшти МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Македонија
Панична пропаганда се за Петрушевски обвинувањата од СДСМ за реформите во ВМРО-ДПМНЕ
„Обвинувањата на СДС се класичен пример на панична пропаганда без факти и без аргументи“, рече денес пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, одговарајќи на обвинувањата од СДСМ дека место нови лица старата банда е реформата во ВМРО-ДПМНЕ.
„Факт е дека Драган Ковачки поседува валиден НАТО сертификат, што целосно ги демантира лагите дека бил ’одбиен од НАТО’ или дека не исполнувал безбедносни услови. Сѐ друго е злонамерна конструкција за дневнополитички потреби. ВМРО-ДПМНЕ спроведува внатрепартиски реформи согласно Статутот и со јасна цел, ефикасна, одговорна и европски ориентирана партија. Обвинувањата за наводна контрола врз институции и медиуми се неосновани и доаѓаат од структури кои со години ја злоупотребуваа државата и сега се плашат од одговорност“, рече Петрушевски.
ВМРО-ДПМНЕ, како што нагласи Петрушевски, останува цврсто посветена на политиките што значат Македонија интегрирана во ЕУ, стабилен НАТО партнер и заштита на државните и националните интереси.

