Свет
Сопругот ја исекол со ножици бремената жена во Англија, таа го турнала низ прозор
Џолин Норман (30) од Чешир, Англија, ги преживеала последните неколку години тешко насилство извршено врз неа од страна на нејзиниот сопруг Дејл Грести, со кој има две деца.
Имено, најпрвин додека била бремена, една вечер пијан ја исекол со ножици и и се заканил дека ќе и истури средство за отстранување лак во раните. Тој беше уапсен во мај 2020 година, а таа трпеше насилство од 2019 година.
Додека тој бил во затвор таа се оддалечила, но тој повторно ја нашол. Истрчал во куќата и повторно ја нападнал.
„Тој гледаше се како моја вина. Рече дека јас сум виновна што завршил во затвор. Ме фати за коса и ме влечеше низ собата. Нашата ќерка спиеше горе. Потоа помислив да го турнам низ прозорецот. Добив некоја натчовечка сила и некако успеав да ја подигнам бравата на прозорецот и да го турнам надвор. Тој само побегна“, изјави таа за „The Sun“.
Џолин потоа го заклучила прозорецот и повикала полиција.
„Се борев да оставам зад мене се што ми направи. Тоа што знаев дека е во затвор ми дава утеха. Имам работа и моите деца и многу работи на кои треба да се радувам. Сакам да им кажам на другите жени да пријават злоупотреба правилно и оставете го насилникот пред да биде предоцна“, рече таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

