Спорт
Хет – трик на Бесарт Ибраими, триумф на Струга Трим Лум

Лидерот Струга Трим Лум ја совлада Победа со 6:2 и го задржа лидерското место на табелата во Првата фудбалска лига. Шкендија на домашен терен го совлада Тиквеш со 4:1 во 27.коло од шампионатот.
Работнички триумфираше со 1:0 против Скопје, а на натпреварите Силекс – Брегалница и Македонија ЃП – Академија Пандев во Ѓорче Петров, немаше голови.
Бесник Ферати во 19.минута донесе предност за Победа, но Струга ТЛ направи пресврт пред крајот на првиот дел со головите на Бесмир Бојку и на Бесарт Ибраими.
Во вториот дел, Сухељ Михарем зголеми на 3:1, а Андреј Кудијан повторно ја доближи Победа. Но, до крајот стрелаа Буњамин Шабани и двапати Бесарт Ибраими, кој комплетираше хет – трик.
Шкендија го победи Тиквеш со 4:1. Милев донесе водство, Цаке постигна убав гол за 2-0, а Чинари исто така се истакна со убавец. Потоа Вареловски намали, а конечниот резултат го постави Чинари со својот втор гол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Невладини организации побараа Аргентина и Меси да го бојкотираат мечот со Ангола

Неколку невладини организации апелираа до фудбалската репрезентација на Аргентина и до Лионел Меси да се откажат од пријателскиот натпревар во Ангола откако 30 лица загинаа во протестите во Луанда минатиот месец. Пртестите се одржаа против зголемувањето на цените на горивата.
Анголската фудбалска асоцијација неодамна објави дека Аргентина треба да биде гостува во Луанда во ноември во чест на 50-годишнината од независноста на таа јужноафриканска земја. Сепак, Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА) сè уште не потврди дека натпреварот ќе се одржи.
Во отворено писмо упатено до АФА, националниот тим и добротворната организација Фондација Лионел Меси, четири граѓански организации ги обвинија властите на Ангола за „систематска репресија“.
Организациите, исто така, повикаа на откажување на натпреварот откако 30 лица загинаа минатиот месец во протестите против зголемувањето на цените на горивата.
„Инвестирањето милиони долари во спортски настан додека илјадници луѓе страдаат од глад, додека болниците се уриваат, а репресијата се зголемува не е легитимен приоритет, тоа е навреда на човечкото достоинство“, осудуваат овие организации, повикувајќи го Меси да направи „храбар, етички и хуманитарен чин“, барајќи откажување на овој натпревар.
Ангола е еден од водечките производители на нафта во Африка, но околу една третина од населението од речиси 38 милиони живее во сиромаштија, според податоците на Светската банка.
Спорт
Куруц ќе го пропушти Евробаскетот

Кошаркарска репрезентација на Латвија ќе биде ослабена на претстојното Европско првенство.
Балтичката селекција нема да може да смета на еден од најстандарните играчи во тимот на Лука Банки, Родионс Куруц.
Дека Куруц нема да игра на првенствотобеше јасно кога не беше во составот за „Акрополис Купот“ против Грција.
„За жал, Родионс Куруц нема да ги продолжи подготовките за Европското првенство, бидејќи службените лица на неговиот тим закажаа операција за целосно санирање на повредата на петицата“, се вели во летонското соопштение.
Куруц играше во Мурсија во последните две години, а од следната сезона ќе се врати во Евролигата каде што ќе игра за Басконија.
Латвија ќе игра на Евробаскетот во групата А со Естонија, Чешка, Португалија, Србија и Турција.
Спорт
Aжаксио замина во стечај

Фудбалскиот клуб Ажаксио поднесе барање за стечај до градскиот трговски суд, објави „Парисиен“. Резултатот од оваа постапка ќе биде отпуштање на 180 вработени и затворање на тренинг центарот на клубот.
На 13 август, Француската фудбалска федерација (ФФФ објави дека Ажаксио ќе биде исклучен од Лига 2 за новата сезона 2025/26 поради финансиски проблеми.
Минатата сезона, популарните „Мечки“ од Корзика го зазедоа 12-то место на табелата во Лига 2.
Ажаксио професионален клуб во 1965 година, а неговите бои ги бранеа некои познати француски фудбалери (Мариус Трезор, Доминик Баратели, Клод Ле Роја, Себастијан Скилачи, Стефан Порато, Јохан Кавали…), Франсоа М’Пел од Конго, Романецот Адриан Муцу, мексиканскиот голман Гилермо Очоа, Бразилецот Марселињо Кариока…
Ажаксио беше шампион на втората француска Лига 2 двапати, во 1967 и 2002 година. Во еден период, тренери на овој клуб беа познатиот холандски репрезентативец Руд Крол и познатиот италијански голгетер Фабрицио Раванели.
Пред Ажаксио, банкротираше Бордо а француските медиуми пишуваат дека неколку други клубови се во тешка финансиска состојба.