Македонија
Следната недела облачно време со дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно, попладне и во вечерните часови со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени.
Во Скопје и околоната променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од јужен правец. T= 17 °C
Под влијание на циклонска активност во текот на следнава седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Герасимовски: Започнува третото издание на „Маалски фестивал“
Со изложби, креативни работилници, концерти, базари, саеми и други културни настани стартува третото издание на „Маалски фестивал“. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека со фестивалот општината гради традиција на различни културни вредности.
„Маалски фестивал е уникатен сам по себе затоа што нуди навистина различни аспекти од културното изразување на уметниците и Здруженијата кои имаат учество во фестивалот. Станува збор за тридневен фестивал кој е во организација на Културниот Центар Јадро. Истиот започнува во петок има навистина богата програма за сечиј вкус и за секоја возраст. Овој мултимедијален и инклузивен колаж од збиднувања има за цел да ги анимира и инспирира граѓаните, односно уметниците и публиката кои заеднички ќе учествуваат во создавање на една неповторлива и автентична маалска приказна“, вели Герасимовски.
Герасимовски најавува дека Фестивалската програма започнува во петок на 27 септември со Креативна работилница за изработка на све и свашта за у Маало која започнува во 10 часот, а потоа и работилница за изработка на урбана опрема под водство на Никола Писарев.
Маалскиот фестивал вклучува танц, музика, книжевност, прошетки по маало, филмски промоции, театарски претстави и уличен базар. Овој мултимедијален и инклузивен колаж од збиднувања има за цел да ја анимира и инспирира локалната заедница.
Скопје
Дел од неколку скопски населби без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа без напојување со електрична енергија ќе останат:
• од 06:00 до 07:00 часот, корисниците од населбите: Топанско Поле, Чаир, Бутел, Визбегово и Индустриската зона – Визбегово (Општина Чаир и Општина Бутел)
• од 08:30 до 12:00 часот, корисниците од населените места: Кожле, Бадар. Катлановско Блаце како и Тунелот Ктланово на автопатот Велес – Скопје. (Општина Петровец)
• од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од улиците: Наум Чакаров и Борис Сарафов. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Прекинато водоснабдување во Општина Гази Баба и Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје известуваат дека денеска (вторник), поради дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-150 мм во парк шума Гази Баба, од 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: 16-та Македонска Бригада, Трифун Хаџијанев, Ташко Караџа, Христо Ботев, Јани Лукровски и дел од Бапчор. (Општина Гази Баба)
поради изведување на водоводен приклучок -80 мм на ул. 9-ти Мај прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици : 9-ти Мај, Христо Смирненски, Петар Попарсов, Костурски Херои, дел од бул. Теодосие Гологанов и Борка Талевски.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности. (Општина Центар)
Најавениот прекин во водоснабдувањето, зa 23.09.2024, односно санацијата на дефект на ул. Франклин Рузвелт 60 , поради технички причини се одложува за 24.09.2024. Прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Франклин Рузвелт и потегот од Орце Николов до бул. Партизански Одреди од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот. (Општина Центар)