Спорт
Антони донесе победа за Манчестер јунајтед кај Нотингем

И покрај кризата со повреди во Манчестер јунајтед, „ѓаволите“ успеаја да стигнат до важни три поени со 0:2 победа кај Нотингем форест за враќање на третото место на табелата по вчерашниот пораз на Њукасл од Астон вила. Клучен човек на Ерик Тен Хаг овојпат беше толку критикуваниот Антони, кој имаше гол и асистенција.
По повредите на Маркус Рашфорд, Лисандро Мартинез и Рафаел Варан, пред стартот на мечот на загревање се повреди и Марсел Забицер, по што Кристијан Ериксен беше стартер на „Сити граунд“, а во одбраната беше старото дуо Хери Мегваер и Виктор Линделоф.
Почетниот притисок на гостите не донесе гол пред 32. минута, кога Антони Марсијал имаше одличен обид, а одбиената топка, Антони ја смести во мрежата. Нотингем не се предадоа, а исто така сметаа дека се оштетени со две играња на рака во шестнаесетникот (на Мегваер и Диого Далот), но не успеаја да израмнат. Точка на мечот стави Диого Далот во 76. минута од мечот, кога Антони имаше одлична асистенција и дефинитивно беше најдобриот на теренот.
Јунајтед се трети со 59 поени, три пред Њукасл и шест пред Тотенхем. Нотингем се во зоната на испаѓање на 18. место со 27 поени, колку што имаат и Евертон пред нив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Барселона се врати на првото место во Ла Лига

Фудбалерите на Барселона на домашен терен ја совладаа Осасуна во натпревар кој требаше да се игра пред две недели, но беше одложен поради смртта на клушскиот лекар.
Барселона победи со 3-0 и по 20-та сезонска победа се наоѓа на првото место на табелата со 63 бодови, три повеќе од Реал Мадрид и седум повеќе од Атлетико.
По само 21 минута Барселона водеше со 2:0.
Се започна со голот на Феран Торес во 1. минута, а 20 минути подоцна погоди Дани Олмо. Она што е проблем за Ханси Флик е фактот што во 28. минута мораше да го извади од игра Олмо поради повреда.
Третиот гол го постигна Роберт Левандовски. Полјакот влезе во игра во 68. минута, а во 77. минута ја испрати топката во мрежата по одличното нафрлување на Фермин Лопез, кој беше замена за Олмо во првото полувреме.
Спорт
Ѓоковиќ не дозволи изненадување, славеше против Корда во Мајами

Новак Ѓоковиќ без загубен сет дојде до полуфиналето на Мастерсот во Мајами. Во четвртфиналето, шесткратниот освојувач на турнирот за 85 минути го победи Себастијан Корда со 6:3, 7:6.
Новак го доби првиот сет откако ја искористи лошата игра на Корда во осмиот гем кога успеа да направи брејк. Во последните три гема од првиот сет Ѓоковиќ на Корда му препушти само два поени.
Стартот на вториот дет апсолутно му припадна на Корда, ја искористи кризата во играта на Ѓоковиќ, повреде со 3:0, потоа и со 4:1 и 5:2. Но раката му затрепери во девттиот гем кога сервираше за израмнување во сетови. Ѓоковиќ о врати брејкот, а потоа избори тај-трејк.
Во 13.игра пресуди еден мини брејк што го направи Ѓоковиќ.
Новак во полуфиналето ќе игра против Григор Димитров.
Спорт
Извлечени групите за ЕП, актуелниот првак Шпанија доби тешка група

Попладнево во престолнината на Латвија, Рига, беше одржана ждрепката за Европското првенство во кошарка, кое од крајот на август до средината на септември ќе се одрижи во Летонија, Полска, Кипар и Финска. Македонија не успеа да обезбеди пласман на шампионатотот во конкуренција на Литванија, кодомаќинот Полска и Естонија.
Состав на групие за Евробаскет 2025:
Група А (Рига): Србија, Летонија, Естонија, Португалија, Турција, Чешка
Група Б (Тампере): Германија, Литванија, Финска, Шведска, Велика Британија, Црна Гора
Група Ц (Лимасол): Шпанија, Грција, Кипар, Босна и Херцеговина, Грузија, Италија
Група Д (Катовице): Франција, Словенија, Полска, Исланд, Белгија, Израел.
Најдобрите четири селекции од секоја група ќе се пласираат во нокаут фазата, односно осминафиналето, а финалето на шампионатот ќе се одржи во Рига во „Шаоми Арена“ со капацитет од 11.200 седишта. Најголемата сала е во Тампере и може да прими 13.455 гледачи.
За потсетување, четирите селекции домаќини добија можност да изберат по еден ривал, па Летонија се одлучи за Естонија, Финска за Литванија, Кипар за Грција, додека Полска го избра Исланд.
ФИБА Европа нправи уште една отстапка, турската репрезентација не можеше да биде во групата Ц со Кипар и Грција.
Европското првенство ќе се игра од 27 август до 14 септември. Титулата ја брани селекцијата на Шпанија.