Спорт
Гризман ги крена Атлетико до победа над Алмерија

Атлетико Мадрид ја продолжи победничката серија во Ла лига, триумфирајќи со 2:1 над Алмерија благодарение на двата гола на Антоан Гризман. Овој резултат го доближува тимот на Диего Симеоне на два поени од Реал Мадрид, додека Алмерија останува на 17. место со 20 поени, само три над зоната за испаѓање.
Гризман го отвори резултатот уште во петтата минута кога по еден корнер постигна спектакуларен гол со глава, но Алмерија израмнија во 37. минута кога Хозе Хименез си постигна автогол. Гризман одговори во 44. минута за да го постигне својот 11. гол оваа сезона, со што веќе девет сезони во Ла лига има барем 10 гола по сезона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сезоната заврши за Паоло Дибала

Фудбалерот на Рома, Пауло Дибала мора да оди на операција на тетивата. Клубот соопшто дека сезоната за Дибала е завршена.
„Пауло Дибала ќе биде опериран во следните неколку дена по повредата на тетивата на левата нога. Играчот и клубот се договорија дека тоа е вистинскиот пат за оптимално закрепнување од повредата. Најдобри желби за брзо закрепнување Пауло, те очекуваме“, се вели во соопштението на Рома.
Аргентинецот оваа сезона одигра 36 натпревари во сите натпреварувања и постигна осум гола.
Спорт
Почнува расплетот во Лигата на нациите

Со четвртфиналните натпревари од Лигата на нации започнува битката за трофејот на третото најважно меѓународно натпреварување кое беше замислено со идеја пријателските натпревари да се претворат во натпреварувачки.
Титулата ја брани Шпанија која во претходното финале ја совлада Хрватска по подобро изведување пенали.
Пред Шпанија, првак во Лигата на нации беше Португалија, како и Франција една сезона подоцна.
Лига на нации, 1/4 финале:
20:45 Данска – Португалија
20:45 Хрватска – Франција
20:45 часот Италија – Германија
20:45 Холандија – Шпанија
Победниците од четвртфиналните натпревари (20 и 23 март) ќе се пласираат на завршниот турнир.
Спорт
Боксот ќе биде на програмата на ОИ во Лос Анџелес

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) едногласно одлучи боксот да остане на програмата на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.
Извршниот одбор на ИОК, на состанокот во Коста Наварино, Грција, гласаше да се задржи боксот на олимписката програма, по долгогодишна неизвесност и исфрлањето на Меѓународната боксерска федерација (ИБА) од олимпиското движење во 2019 година.
„Имавме само една правилна одлука, а тоа беше да го вклучиме боксот во програмата на Олимписките игри во Лос Анџелес“, изјави на прес-конференција претседателот на МОК, Томас Бах.
ИОК го призна Светскиот бокс како раководно тело во февруари, и покрај тоа што имаше само 78 федерации членки, што е далеку од другите признати раководни тела. Сепак, ИОК изјави дека Светскиот бокс покажал дека 62 отсто од боксерите и 58 отсто од победниците од претходните игри во Париз биле поврзани со тие федерации.
По суспензијата на ИБА поради обвинувања за корупција, лошо управување и финансиски малверзации и неуспешни обиди за реформи, ИОК мораше да организира боксерски турнири во Токио и Париз и оттогаш бара сигурен партнер за оваа задача.
„Ви благодариме што го одобривте враќањето на боксот. Се радуваме на одличен боксерски турнир“, рече Бах.