Спорт
Игор Ангеловски е нов тренер на Каспиј, клуб од Казахстан

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, е нов тренер на Каспиј, клуб од Казахстан. Во овој клуб претходно настапуваше екс-голманот на Работнички, Ристо Јанков, а сега член е Стефан Коцев, поранешен играч на Брегалница.
Игор Ангеловски претходно беше на кормилото на хрватскиот клуб Горица.
Каспиј по шест кола е на последната позиција на табелата во првенството на Казахстан, со само една победа и пет порази на стартот.
View this post on Instagram
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Крај на сезоната за Митев

Фото/ facebook.com/rfmofficial
Средниот бек на Алкалоид и македонската репрезентација, Марко Митев, ја заврши сезоната.
Митев, се повреди во неделата, на натпреварот Словенија-Македонија во квалификациите за пласман на Европското првенство.
Средниот бек се повреди на почетокот на 19.минута. Во тој момент беше јасно дека повредата не е наивна.
Прегледите покажале дека ги повредил лигамнетите во коленото, поради што за него оваа сезона е завршена.
Не е познато колкава пауза го очекува Митев.
Прашање е што ќе се счучи и со неговиот евентуален трансфер. По Мундијалот, во јануари, интерес за Митев покажаа неколку германски екипи, кои биле подготвени и да платат обесштетување за да го откупат неговиот договор од Алкалоид.
Спорт
Димитријевиќ ќе го напушти Милано

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ ќе го напушти Милано по завршувањето на сезоната. Димитирјевиќ, минатото лето како големо засилување пристигна во Олимпија.
Димитријевиќ, минатата сезона, блескаше во дресот на УНИКС Казан, беше прогласен за МВП на руската лига.
За неговиот потпис се бореа неколку клубови од Евролигата, тој реши да потпише за тимот на тренерот Еторе Месина.
Нема баш најдобра сезона во Евролигата има просек од 7,9 поени, додека во првенството одигра 13 натпревари со просек од 8,5 поени.
Новинарот Андреа Калцони тврди дека Димитријевиќ би можел да го напушти Милано, бидејќи клубот сака да го ангажира кошаркарот на Тренто, Квин Елис.
Спорт
Црвена звезда потврди дека ќе одигра хуманитарен натпревар со Вардар

Генералниуот директор на фудбалскиот клуб Црвена звезда, Звездан Терзиќ, го потврди она што вчера го најави Дарко Панчев. Црвена звезда и Вардар на 16.април во Скопје ќе одиграа хуманитарен натпревар. Целиот приход од натпреварот ќе им биде дониран на семејствата на настраданите во трагедијата во нелегалната дискотека во Кошани.
„Сите во Црвената звезда беа длабоко потресени од трагедијата што се случи во Кочани. Веднаш контактиравме со нашите легенди Дарко Панчев и Илија Најдоски, и со нивна помош, стапивме во контакт со раководството на Вардар. Се согласивме да играме добротворен натпревар во Скопје на 16.април на овој натпревар. Приходот ќе биде проследен кон семејствата на настраданите во оваа голема трагедија во Кочани“, рече Терзиќ.
„Тоа е најмалку што може да направи Црвена звезда за својата братска Македонија во ова тешко време“, додаде тој.
„Изразуваме искрено сочувство до сите семејства на жртвите, како и до сите граѓани на Македонија, со надеж дека овој гест ќе покаже колку нè погоди оваа трагедија и дека сме обединети во тагата со семејствата на жртвите“, заклучи Терзиќ.