Свет
Дванаесет луѓе починаа од топлотен удар во Индија, за време на повеќечасовна прослава
Дванаесет луѓе починаа од топлотен удар во Индија, додека многумина беа хоспитализирани откако неколку часа стоеја директно на сонце, на церемонијата на доделување на наградите Нави Мумбаи, во близина на финансискиот центар Мумбаи во индиската држава Махараштра.
Настанот во чест на истакнатиот општественик, кој беше спонзориран од владата, се одржа на отворено поле под силното сонце и на големи горештини, а траеше неколку часа, јавува Би-би-си.
Неколку илјади луѓе присуствуваа на церемонијата, а многу од нив се пожалија на дехидрација и други заболувања поврзани со температура од 38 Целзиусови степени. Фотографиите од местото на настанот покажуваат дека луѓето седеле директно под сонцето, без покрив или какво било засолниште.
Здравствените експерти советуваат да се избегнува сонцето за време на жешкото време од 11 до 16 часот, особено во април, кој се смета за еден од најжешките месеци во Индија.
Надлежните изјавија за медиумите дека на местото на церемонијата се обезбедувало освежување во текот на денот и биле поставени медицински штандови, но опозициските партии посочуваат дека настанот бил лошо организиран и не требало да се одржи во тој период од годината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Мамо, не те оставам“: oсумгодишно дете од Минесота убиено додека ја бранело мајка си од насилниот сопруг
Осумгодишно дете од Минесота било убиено додека ја бранело мајка си од сопругот насилник, минатата недела, соопшти семејството на детето, пренесува Law and Crime.
Амир Демарион Харден починал на 9 јуни од компликации откако бил застрелан во главата и вратот на 6 јуни, се вели во соопштението издадено од Канцеларијата на медицинскиот преглед на округот Хенепин.
Според медиумот, на денот на пукањето, таткото на момчето, Денер Харден, бил ослободен од затвор откако платил кауција по обвиненијата за семејно насилство. Тој се вратил во семејниот стан бесен и се обидел да ја убие сопругата.
„Неговиот татко се обиде да ме убие, но мојот син беше застрелан поради мене. Амир се обиде да му го одземе пиштолот од рацете на татко му. Му викав да оди кај соседите. Тој одби и рече – мамо, не те оставам!“, напиша Чериш Едвардс“, ожалостената мајка на Амир.
Кога видел дека го застрелал синот, таткото си пукал во глава, велејќи пред тоа дека „случајно пукал“ во детето, изјави Едвардс. Мајката на момчето додаде дека четирите браќа и сестри на Амир биле сведоци на шокантното насилство.
Европа
Зеленски смета дека мировната конференција за Украина, што се одржува во Швајцарија, ќе го зголеми притисокот врз Москва
Украинскиот претседател Володимир Зеленски смета дека мировната конференција за Украина, што се одржува во Швајцарија, ќе го зголеми притисокот врз Москва, но другите учесници на форумот не се толку оптимисти, јави ДПА.
-На дводневниот состанок, на кој присуствуваат 92 земји и осум меѓународни организации, беше повторено дека со заеднички напори може да се стави крај на војната и да се постигне мир, рече Зеленски денеска непосредно пред делегациите да почнат да разговараат на оваа тема.
Меѓутоа, швајцарската претседателка Виола Амхерд нема толку големи очекувања, забележува ДПА.
-Нашите цели се скромни, рече таа, објаснувајќи дека целта на конференцијата е да се поттикне почеток на процес за постигнување траен и праведен мир.
Важноста на меѓународното право како основа на меѓународниот поредок е клучна за ова, рече Амхерд.
-Нападот на Русија го нарушува тоа на најнагласен начин, рече Амхерд.
Русија не беше поканета да учествува на конференцијата, а не учествува ниту Кина, важен сојузник на Москва.
На средбата станало збор и за добивање на најширока можна меѓународна поддршка за украинскиот мировен план, кој предвидува целосно повлекување на Русија од украинска територија.
Свет
Страшна глетка: 28 луѓе висат надолу откако се заглавија во забавен парк во САД (ВИДЕО)
Едно лице е превентивно пренесено во болница, но нема повреди, а 28 се спасени во инцидент во забавен парк во Орегон, САД.
„Пожарникарите успеаја да спасат 28 лица кои беа заглавени на височина од 30 метри, висејќи наопаку, за време на возењето во забавниот парк Оукс .Едно лице е превентивно пренесено во болница, но нема повредени„, соопштија од паркот.
За среќа, брзата реакција на вработените во паркот и пожарникарите спречија сериозни повреди.
Според очевидци, се се случило ненадејно. Прво слушнале татнеж, а потоа и соопштение од огласувачкиот систем внатре во забавниот парк.
Крис Рајан, посетител на паркот, опиша како тој и неговата сопруга се подготвувале да се возат панорамското тркало кога забележале дека возењето е заглавено. Слушаа луѓе како викаат, кога го кренаа погледот, останаа без зборови.
People left dangling upside down for half an hour on Oregon theme park ride. https://t.co/OkVjDTuyJa pic.twitter.com/WWGTRQRWIt
— Sky News (@SkyNews) June 15, 2024