Спорт
Мене не планира да се врати во Ливерпул

Баерн Минхен по завршувањето на сезоната ќе реши дали Садио Мане ќе остане во клубот. Сенегалецот пристигна како големо засилување во Минхен, но неговата иднина во клубот е незивесна по тепачката со соиграчот Лирој Сане, по поразот од Манчестер сити (3:0), во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите.
„Билд“ пишува дека Сенегалецот нема да се врати во Ливерпул, доколку го напушти Баерн. „Билд“ на овој начин ги демантираше англиските медиуми, кои претходно објавија дека Мане ќе се врати на „Енфилд“.
За потсетување, Мане играше во дресот на Ливерпул од 2016 до 2022 година, а „црвените“ за него на Саутемптон му платија 41,2 милиони евра.
Досега има забележано 32 настапи во дресот на Баерн и постигна 11 гола и пет асистенции.
Тој има договор со Баерн до летото 2025 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Онана нема да брани против Њукасл

Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана нема да брани за „црвените ѓаволи“, денеска против Њукасл во 32. коло од Премиер лигата.
Голем број релевантни британски медиуми се повикуваат на извори блиски до клубот и тврдат дека тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим не го ставил на спискот Онана за претстојниот натпревар.
Натпреварот Манчестер Јунајтед – Њукасл започнува во 17.30 часот.
Аморим решил да му даде можност на Онана да се одмори и да се дистанцира од се она што му се случува изминатите недели, а на голот ќе биде Турчинот Алтај Бајиндир.
Камерунецот беше виновен за двата примени гола во ремито против Лион во првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа.
Онана претходно се најде на удар на јавноста откако пред мечот со Лион изјави дека „црвените ѓаволи“ се далеку подобри од својот ривал.
Во јавноста излезе и одговорот на поранешниот фудбалер на Јунајтед и поранешен српски репрезентативец Немања Матиќ, кој му порача на Камерунецот дека „ е најлошиот голман во историјата на Јунајтед“.
Манчестер Јунајтед е на 13. место на табелата во англиското првенство со 38 бодови, додека Њукасл е на седмото место со 53.
Спорт
„Од тројцата најдобри, најдобар е Ѓоковиќ“

Патрик Муратоглу, еден од најпознатите тениски тренери, јасно и гласно вели дека Новак Ѓоковиќ е најголемиот на сите времиња.
Ѓоковиќ е член на „големата тројка“ со Федерер и Надал, но за Муратоглу нема дилема дека тој е далеку пред овие двајца.
Французинот, во интервју за „Јуроспорт“ објасни зошто е тоа така.
„Кога ќе ги погледнете тројцата најдобри, еден од нив е најдобар. Беше број 1 подолго од другите двајца, освои повеќе Грен слемови од нив, освои повеќе Мастерс од нив, ги победуваше секаде, на сите подлоги. Тоа е Новак”, рече Муратоглу.
Во однос на влијанието врз тенисот, Муратоглу вели дека можеби предност има некој друг, но тоа не менува многу.
„Се согласувам дека можеби за 50 години некој ќе каже дека Федерер оставил поголема трага од Ѓоковиќ, но кога бираме кој е најдобар во историјата, мора да се потпреме на постигнувањата“, рече францускиот тренер и заклучи.
„Целата идеја за спортот е кој е подобар. Играчите се натпреваруваат меѓу себе за да видат кој е најдобар таа недела, на крајот на годината ќе видиме кој е најдобар во таа година. Затоа ова е лажна дебата. Ако прашањето е кој е најдобар, тогаш одговорот е јасен – Новак“.
Спорт
(Видео) Волкановски го врати шампионскиот појас во перо категорија

Австралиецот со македонско потекло, Александар Волкановски го победи Бразилецот Диего Лопес во борбата за шампионскиот појас во перо категорија, во главната борба на УФЦ 314 настанот.
УФЦ 314 се одржа во Мајами, САД, во домот на НБА франѓизата Мајами Хит. Публиката уживаше во неизвезната борба.
На крајот „Волк“ победи со одлука на судиите 48:47, 49:46 и 49:46.
Волкановски во Мајами ја прекина серијата од два порази во УФЦ (претрпе тешки нокаути, од Ислам Махачев и Илија Топурија), туки и влезе во историјата на оваа категорија.
Волкановски стана првиот борец постар од 35 години кој освоил појас во перолесна категорија.
LEFT HOOKS BOTH LAND EARLY👊@AlexVolkanovski | @DiegoLopesMMA | #UFC314 pic.twitter.com/z7LlV8qZLK
— UFC (@ufc) April 13, 2025