Македонија
Почнува судењето против Бујар Османи, Македонското движење од Канада го тужи за клевета
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска треба да се појави пред Граѓанскиот суд, каде што ќе се соочи со тужба за навреда и клевета од страна на Македонското меѓународно движење за човековите права (ММДЧП).
Од Македонското движење поднесоа тужба против Османи бидејќи тој лани во октомври за бугарската телевизија БТВ изјави дека треба да се види кој стои зад отворањето на македонскиот клуб во Благоевград. Османи го посочи токму ова движење како еден од финансиерите на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Рече дека се работи за фондација од Канада, која работи спротивно на интересите на државата и на интересите на македонските стратешки партнери.
На 27 јануари 2023 година, претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права, Бил Николов, и организацијата (ММДЧП) поднесоа тужби за навреда и клевета пред Основниот граѓански суд Скопје и против медиумот „360 степени“.
„Османи и ‘360 степени“ се гласно критични против сите што ќе изразат несогласување со режимот и со американските антимакедонски политики и нивното кршење на човековите права и граѓанските слободи. Тужбите се за кршење на Законот за граѓанската одговорност за навреда и клевета“, велат од Македонското движење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

