Спорт
Обид за убиство на ракометар во Република Српска
Избегната e голема трагедија во Република Српска, откако жена на бензиска пумпа се обидела да го убие Никола Томиќ, ракометар на Дрина од Зворник.
„Поради немилиот настан што го потресе нашиот клуб, решивме да и се обратиме на јавноста. За жал, овојпат не зборуваме за спортски успеси или настани. На 16.4.2023 година, околу три часа по полноќ, полициски службеници од Полициската станица Зворник го привеле лицето И.Л. за обид за убиство. Нашиот ракометар Никола Томиќ беше нападнат со ладно оружје, а во таа прилика се здоби со повреди во пределот на вратот во вид на тешка расекотина. За наша среќа, ако може да се нарече среќа, по ладнокрвниот напад Никола брзо беше згрижен во болницата Зворник.
Искрено се надеваме дека надлежните институции најстрого ќе го казнат овој тип на насилничко однесување. Ова беше напад на млад и перспективен спортист, желен да игра и да се докажува, а на негово место можеше да биде секој од нас. Искрено се надеваме дека вакво нешто никогаш повеќе нема да се повтори. На нашиот Никола му посакуваме брзо закрепнување и што поскоро се гледаме на теренот“, стои во соопштението на клубот за кој игра Томиќ.
Во полицискиот бележник е објавено дека напаѓачот е лишен од слобода.
„На 16.04.2023 година околу три часа по полноќ полицијата во Зворник ја лиши од слобода И.Л.од Зворник поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело убиство во обид. Полицијата соопшти дека е пријавен напад со ладно оружје врз Томиќ пред бензинска пумпа во овој град. Младиот ракометар е испратен на лекарска помош во болницата Зворник, каде му биле констатирани полесни физички повреди“, се вели во полицискиот записник.
Nikola Tomić, rukometaš koji je preživeo pokušaj ubistva. Drži se, momče! pic.twitter.com/WgAFMvTE3G
— kojic_sportski (@KSportski) April 18, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Рајо Ваљекано го запре Реал
Пет дена по поразот во дуелот од Лигата на шампионите со Ливерпул, лидерот во шпанската Ла Лига повторно беше запрен. Од „Ваљекас“ Реал се врати дома само со еден бод.
Саможртвуваната, малку хаотична, но храбрата одбрана на Рајо Ваљекано издржа голем притисок од своите соседи и ѝ понуди на Барселона шанса да се доближи до лидерот. Имаше и Рајо свои шанси, но Куртоа и на овој меч потврди дека се наоѓа во врвна форма.
Рајо е првиот тим што остана непоразен оваа сезона дома против Реал и Барселона. Само два клуба успеаја да го сторат тоа минатата сезона: Осасуна и Бетис.
Подоцна во текот на денот, Мајорка го победи Хетафе со минимален резултат, со голот на Муричи во 14-та минута.
Валенсија освои бод во финишот на натпреварот против Бетис. Овој натпревар заврши со резултат 1:1.
Бетис водеше од 74-та минута кога Хернандез постигна гол. Валенсија го дојде во 82-та минута преку Риоха.
Спорт
Гвардиола по големиот јубилеј: Најважен е периодот кога бев во Барселона Б
Пеп Гвардиола со убедлива победа над Ливерпул (3:0) го обележа големиот јубилеј.
„Многу добро прво полувреме. Тие притискааа малку повеќе во второто. Малку како да заборавивме да играме, во првите пет или десет минути. Имаа една или две шанси. Генерално, одлична игра, вистинско темпо со топката, дефанзивно исполнети задачи“, рече Гвардиола по натпреварот.
„Дефанзивно се поставивме многу добро, бевме добри со топката, мислам особено во првото полувреме. Поврзани со средниот ред, бевме навистина добри.
Би сакал да им се заблагодарам на играчите, на сите во тренерскиот штаб и на клубот за подарокот. Горд сум што работам тука и што Манчестер е мој град. А сега – да се одмориме и да ја вратиме нашата енергија“, вели Гвардиола.
Клубот од 1.000 не е мала работа, а Пеп знае што било важно:
„Мислам дека периодот кога бев во Барселона Б е основа на многу работи. Тогаш се запознав себеси и сфатив дека можам многу да научам. Никогаш нема да ги заборавам момците од таа прва сезона. За мене е посебно што стигнав до 1.000 натпревари пред моето семејство, а особено што тоа беше натпревар против Ливерпул. Тоа е клуб кон кој имам огромно почитување.“
Спорт
Рома се искачи на првото место во Серија А
Рома го искористи вчерашниот кис на Милан и денешниот на Наполи и со победата над Удинезе (2:0) се искачи на челната позиција во Серија А.
Тимот на Џан Пјеро Гасперини веќе беше на врвот на табелата во Серија А оваа сезона, во единаесеттото „волчицата“ беше на врвот, но веќе во следното ја препушти челната позиција.
Рома се врати на врвот на табелата откако рутински го скршија отпорот на Удинезе со головите на Лоренцо Пелегрини од пенал и Зеки Челик. Проблем за Рома претставува повредата на Артем Довбик.
Дуелот го одбележа, Николо Заниоло. Човекот замина од „Олимпик“ беше соодветно пречекан од домашните фанови, а притисокот поради постојаните свирежи на домашната публика вроди со плод во второто полувреме кога Заниоло од лутина го удри Коне со топката во лицето.
За малку ќе избувнеше тепачка, но судијата Колу реши со разговоро, а не со делење картони да ги смири страстите.
Рома гостува кај Кремонезе по паузата за квалификациите за пласман на СП.

