Свет
Москва ги повика амбасадорите на САД, Канада и на Велика Британија
Руското Министерство за надворешни работи ги повика во вторникот амбасадорите на САД, Канада и на Велика Британија под образложение дека се мешале во внатрешните работи на земјата, пренесува РТ.
Потегот на руското МНР е поттикнат од коментарите на дипломатските претставници на трите западни земји во однос на казната што му беше изречена на рускиот опозицискиот активист Владимир Кара-Мурза, кој во понеделникот беше осуден за предавство и за клевета на армијата.
Московскиот суд го осуди Кара-Мурза, кој има двојно руско и британско државјанство, на 25 години затвор.
Кара-Мурза, кој има дозвола за постојан престој во САД, беше потпретседател на Фондацијата „Слободна Русија“ со седиште во Вашингтон – група за притисок финансирана од САД, која се залага за промена на режимот во Москва. Тој беше обвинет за предавство на Русија и за соработка со непожелни организации поврзани со странски сили непријателски настроени кон Русија.
Трите амбасадорки – Лин Трејси (САД), Дебора Бронет (Британија) и Алисон Леклер (Канада) – јавно прочитаа заедничка изјава во која ја критикуваат пресудата на судот и повикаа на итно ослободување на Кара-Мурза.
„Провокативните изјави на амбасадорките имаат цел да извршат притисок врз руското правосудство и не претставуваат ништо друго, освен еклатантно мешање во внатрешните работи на Русија“, соопшти руското МНР во серијата изјави по ова прашање во вторникот.
„Обидите на Вашингтон и неговите сојузници јавно да поддржат агент со влијание поддржан од САД изгледаат особено смешни и лицемерни со оглед на задушувањето на слободата на говор во Америка и во другите западни нации“, истакнаа од Министерството.
Во соопштението понатаму се вели дека Русија ќе спречи секаков обид за испречување меѓу разни делови од руското општество додавајќи дека секој претставник на странска амбасада, кој ќе ја користи својата дипломатска позиција за такви нарушувачки активности, ќе биде протеран од Русија.
Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, во понеделникот ги критикува постапките на трите амбасадорки како бесрамно лицемерство укажувајќи на нехуманиот третман на британскиот судски систем кон основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж.
Асанж се наоѓа во британскиот затвор со максимално обезбедување „Белмарш“ од 2019 година додека Вашингтон врши притисок за негова екстрадиција за да му суди по обвиненијата поради кои му се закануваат 175 години затвор.
Захарова ја повика Британија да ги напушти своите неоколонијални навики во дипломатијата истакнувајќи дека обидите за притисок врз руските судии да донесат одредени одлуки се осудени на пропаст.
Поради двојното британско-руско државјанство на Кара-Мурза, Лондон исто така официјално го повика рускиот амбасадор во Британија, Андреј Келин, по пресудата што Лондон ја нарече „политички мотивирана“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нов инцидент во Полска: дрон падна во близина на воена база
Нов инцидент поврзан со беспилотно летало е регистриран денес во Полска. Како што објавија локалните власти, мал дрон паднал во областа на воена база во централна Полска. Комерцијално достапен модел се урна во Лоѓ откако се заплетка во дрво.
Според информациите од воената полиција, не е регистрирана никаква штета. Властите брзо го идентификуваа и приведоа осомничениот оператор, 22-годишен полски државјанин, и го обвинија за кршење на прописите за воздухопловство. Имено, управувањето со беспилотни летала во близина на воен објект може да резултира со затворска казна до пет години, а истрагата е во тек. Сличен инцидент се случи на 28 јануари кога мал дрон падна врз воена база во Пжасниш, според „Киев Индепендент“.
Претходните видувања на беспилотни летала во неколку европски земји предизвикаа прекини во воздушниот сообраќај, додека стравувањата од ескалација на руската хибридна војна растат. Полска, членка на НАТО, е во состојба на висока готовност од септември кога неколку руски беспилотни летала беа соборени над нејзина територија за време на напад врз Украина.
Инцидентот следеше по нарушувањата на воздушниот простор на балтичките сојузници на НАТО од страна на руски борбени авиони, како и по сомнителните видувања на беспилотни летала над европските аеродроми и други стратешки цели. Некои западни лидери повикаа на порешителен и покоординиран одговор, вклучително и соборување на беспилотните летала кога е потребно.
Свет
(Видео) Обилни дождови, силни ветрови, Португалија е во најголем ризик од поплави поради бурата „Марта“
Националниот командант на Цивилната заштита на Португалија, Марио Силвестре, денес предупреди на опасноста од обилни дождови и силни ветрови предизвикани од бурата „Марта“ во текот на претстојната ноќ, а највисокото ниво на тревога ќе остане на сила до сабота поради ризикот од поплавување на неколку реки.
Според португалскиот „Диарио де Нотисијас“, главната загриженост се однесува на реките Дуро, Мондего и Тахо, поради влијанието на шпанските брани и високите нивоа на водата.
Storm Marta is on its way
The sky over Portugal didn't change today, with heavy clouds, as Storm Marta is expected tomorrow. Bringing strong winds, persistent rain and rough seas. Stay updated with the weather forecast here: https://t.co/urjPWjI1Fc#theportugalnews #portugal pic.twitter.com/N4IiiAJbLM
— The Portugal News (@theportugalnews) February 6, 2026
„Нè очекуваат обилни врнежи од дожд и налети на ветер до 100 км/ч. Поради заситеноста на земјиштето и оштетената инфраструктура, потребно е да се биде внимателен за да нема дополнителни проблеми и жртви“, рече Силвестре.
Фото: ЕПА
Свет
Песков ги повика Русите да не ги игнорираат Олимписките игри
Прес-секретарот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека настапите на руските спортисти на Олимписките игри се задолжителни. Според РИА Новости, тој ќе ги гледа и церемониите на отворање и затворање.
„Дефинитивно ќе бидам таму каде што настапуваат нашите момци. Ќе бидам таму на отворањето и затворањето. Тоа мора да се види“, рече Песков.
На Зимските олимписки игри 2026 година ќе бидат доделени 116 медали во 16 спортови. Меѓу руските спортисти на кои им е дозволено да се натпреваруваат како неутрални се уметничкото лизгање Аделија Петросјан и Петр Гуменик, скијачот Никита Филипов и брзите лизгачи на кратки патеки Иван Посашков и Алена Крилова.
Фото: ЕПА

