Македонија
Демократскиот сојуз: Груби за предизборна корупција формира ново министерство за проектот „Бехтел и Енка“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/grubi.jpg)
Со огласот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) за вработување 30-ина лица во новоформираната Проектна единица за спроведување на договорот за изградба на автопатите на коридорите 8 и 10 д, очигледно е дека Артан Груби формира ново министерство, кое за предизборни цели ќе располага со огромни средства за корупција, се наведува во соопштение на Демократскиот сојуз.
Од партијата на Павле Трајанов велат дека со самото тоа станува јасно дека огласот за ангажирање помошник-координатор на проектот директно го заобиколува директорот на ЈПДП, а со тоа и Министерството за транспорт и врски, кои се надлежни за изградба на автопатите.
„Наместо нив, Артан Груби, кој е министер за политички систем и координатор за спроведување на договорот, кој го креира како координатор на Комитетот за подготовка на договорот, директно ќе одлучува за ангажирање лојални партиски кадри во Проектната единица, за легализација на дивоградби на теренот, за сеча на шуми и сл. и всушност за исплата и распределба на финансиски средства од неколку стотини милиони евра“, велат од партијата на Трајанов.
Според нив, најновиот развој на настаните само ги зголемува сомнежите за коруптивноста на овој проект, кој власта ќе го злоупотреби со легализација на криминалот преку донесување девет закони во скратена постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Сончево и многу топло, во текот на ноќта невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и град
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/Ohrid-meteo-sonce.png)
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта ќе има локална појава на невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. UV=9
Во Скопје сончево и многу топло, со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе има услови за локална појава на невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.
Денеска преку денот ќе се задржи сончево и многу топло време со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Во текот на ноќта кон вторник и во вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер и град. Потоа во среда и во четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер.
Скопје
Без вода дел од Гази Баба
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/voda-6.jpg)
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ги известува граѓаните дека денеска без вода ќе бидат улици во општината Гази Баба.
• Поради отстранување појавен уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-150мм, на улицата 16-та Македонска Бригада бб (Парк Шума Гази Баба), од 08:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: 16-та Македонска Бригада, Јани Лукровски, Ташко Караџа и Трифун Хаџијанев во општина Гази Баба.
Скопје
Без струја делови од Петровец и Ѓорче Петров
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/57198750_1221860291320745_1441311623477198848_o.jpg)
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги информира граѓаните дека, поради технички зафати во електро истрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе станат:
на ден 01.07.2024 година (понеделник):
• од 08:30 до 14:30 часот, корисниците од населените места: Долно Коњаре, Средно Коњаре, Горно Коњаре, Дивље и Катлановска Сушица. (Општина Петровец)
• од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
на ден 02.07.2024 година (вторник):
• од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од дел од ул. Козле, поточно објектите со парни куќни броеви од бр. 2 до бр. 4. (Општина Карпош)