Спорт
Баерн и Бенфика во (не)возможни мисии
Вечерва ќе бидат комплетирани полуфиналните двојки во Лигата на шампионите. Интер и Манчестер сити имаат големи шанси да им се приклучат на Милан и Реал Мадрид, екипи кои вчера се пласираа во полуфиналето.
„Граѓаните“ имаат голема предност од 3:0 против Баерн, па иако гостуваат во Минхен, ретко кој очекува пресврт од Баварците.
„Ќе се фокусираме на она што треба да го направиме. Прво ќе се обидеме да постигнеме гол, и секако дека доаѓаме да победиме. Не ја разбирам логиката да дојдеме овде и да се браниме?! Доаѓаме овде да играме 11 на 11 натпревар, секако дека се надевам на позитивен резултат“, изјави менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола.
Тој истакна дека е свесен колку е силен Баерн, но додаде дека Манчестер Сити нема да се брани.
„Мораме да размислуваме за нашата игра, бидејќи еден од најдобрите европски клубови ќе биде против нас. Сепак, сакаме да ја наметнеме нашата игра, која може да ни донесе победа“, изјави менаџерот на Сити, предупредувајќи дека Баерн е доволно квалитетен за да го елиминира неговиот тим.
„Работев во Баерн и го знам менталитетот на овој клуб. Тоа го гледате насекаде, тоа е во нивна крв. Знаеме дека веруваат дека можат да се вратат. Кога сте во ваков клуб, верувате дека се може да се случи. Имав неверојатни моменти овде. Клубот е исклучителен, имам многу, многу пријатели овде“.
Можни состави:
Баерн: Зомер – Павар, Де Лигт, Упамекано, Дејвис – Кимих, Горецка – Коман, Мусиала, Сане – Милер
М. Сити: Едерсон – Вокер, Дијаз, Аке, Стоунс – Родри, Силва – Де Брујне, Гундоган, Грилиш – Халанд.
Интер има капитал од два гола од Лисабон, во пресрет на гостувањето на Бенфика на „Џузепе Меаца“.
„Поразите се зад нас. Мора да се фокусираме на овој натпревар. Нè очекува важен и тежок натпревар. И покрај лошите резултати, не играме лошо. Се уште создаваме шанси”, изјави тренерот на Интер, Симоне Инзаги.
Победникот од натпреварот Интер – Бенфика ќе се сретне со Милан во полуфиналето на Лигата на шампионите.
„Знаеме дека нашата позиција на табелата во Серија А не е она што го посакувавме, но нашиот единствен фокус е Бенфика. Знаеме дека имаме предност, но мораме да дадеме се од себе против тим кој не бележи добри резултати во последно време“, заклучи Инзаги.
Можни состави:
Интер: Онана – Дармјан, Ачерби, Бастони – Дамфрис, Барела, Чалханолу, Мхитарјан, Димарко – Џеко, Мартинез
Бенфика: Влаходимос – Жилберто, А.Силва, Отаменди, Грималдо – Фиорентино, Чикињо – Аурснес, Р.Силва, Жоао Марио – Рамос.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Европа е воодушевена од голот на Луис Дијаз
Фудбалерот на Баерн, Луис Дијаз, постигна еден од најубавите и најтешките голови од почетокот на сезоната.
Поранешниот играч на Ливерпул е одличен во дресот на германскиот гигант, ја потврди својата добра форма со веројатно најефектниот гол оваа сезона, од вкупно шест што ги постигна во Бундеслигата.
Сè што направи во 38-та минута против Унион Берлин беше чисто совршенство на движење, вештина и талент.
Инаку мечот во Берлин заврши 2:2, со што Баерн ја прекина серијата од 16 победи во сите натпреварувања од почетокот на сезоната.
𝗦𝗧𝗢𝗣 𝗪𝗛𝗔𝗧 𝗬𝗢𝗨'𝗥𝗘 𝗗𝗢𝗜𝗡𝗚 𝗥𝗜𝗚𝗛𝗧 𝗡𝗢𝗪 𝗔𝗡𝗗 𝗪𝗔𝗧𝗖𝗛 𝗧𝗛𝗜𝗦. 👀
Luis Diaz's goal today was simply incredible. 🇨🇴 🤩 ❤️🤍 pic.twitter.com/m0e7GrxER1
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) November 8, 2025
Спорт
(Видео) Ништо ново во Денвер, трипл-дабл на Јокиќ и победа на Нагетс
Денвер Нагетс убедливо ги победија Индијана Пејсерс со 117:100 во ноќта помеѓу саботата и неделата.
Трократниот најкорисен играч Никола Јокиќ, одигра уште еден „брутален“ натпревар и оствари трипл-дабл со 32 поени, 14 скока и 14 асистенции.
Јокиќ имаше дури 8 изгубени топки, но шутираше неверојатни 10/14 од поле и реализираше 11 од 12-те слободни фрлања.
Во деветтиот меч од почетокот на сезоната, Јокиќ го забележа шестиот трипл-дабл. Денвер играа без Џамал Мареј и Ерон Гордон.
Резултати:
Вашингтон Визардс – Далас Маверикс 105:111
Филаделфија – Торонто Репторс 130:120
Атланта Хокс – Лос Анџелес Лејкерс 122:102
Кливленд Кавалирс – Чикаго Булс 128:122
Мајами Хит – Портланд Блејзерс 136:131
Сан Антонио Спарс – Њу Орлеанс Пеликанс 126:119
Денвер Нагетс – Индијана Пејсерс 117:100
Лос Анџелес Клиперс – Феникс Санс 103:114
Спорт
Тренерот на Лејкерси збесна по поразот од Атланта
Џеј Џеј Редик, тренерот на Лос Анџелес Лејкерс, беше многу лут на својот тим по поразот 122:102 од Атланта Хокс во Џорџија.
Лејкерс го одиграа својот најлош натпревар во сезоната во саботата навечер, а тренерот Џеј Џеј Редик беше исклучително бесен на својата прес-конференција по натпреварот.
„Ништо не беше добро. Хокс играа добро, ние сме разочарани, ќе ги анализираме причините“, рече Редик.
Кога новинар го праша кога сфатил дека играчите „нема да се вклучат“, тој рече:
„Го сфатив тоа во првите две минути. Не видов ништо“, рече Редик додека ја напушташе прес-конференцијата.
Лука Дончиќ беше најефикасен со 22 поени, 5 скока и 11 асистенции, а имаше и 5 изгубени топки и само 7/17 од поле…
Долтон Кнехт му беше друштво со 14 поени, Џејк Ларавија имаше 13, а Џаред Вандербилт одигра фантастично, со 12 поени и 18 скока.
JJ Redick is PISSED 😳
(via @ohnohedidnt24) pic.twitter.com/TgRzErbkyZ
— Lakers Lead (@LakersLead) November 9, 2025

