Македонија
Група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ до Ковачевски: Во најкус рок да ни го доставите договорот за коридорите
Група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ побараа од премиерот Ковачевски да им го достави договорот за изградба на коридорите.
„Во најкус можен рок да ни го доставите договорот за изградба на Коридорот 8 и на Коридорот 10 д потпишан на 8.3.2023 меѓу Министерството за транспорт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта и конзорциумот ‘Бехтел и Енка’. Доколку овој договор е класифициран со степен на доверливост, во прилог ви доставуваме и наши безбедносни сертификати, кои според член 37 од Законот за класифицираните информации ни овозможуваат пристап до владини документи ‘државна тајна’“, се наведува во барањето потпишано од група пратеници.


Тие укажуваат на потребата да го имаат на увид Договорот, за да можат совесно да гласаат „за“ или „против“, бидејќи, како што нагласуваат, сите предложени измени се поврзани со извршување на Договорот за коридорите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.

