Регион
Малолетен престапник полицијата го донела на погреб, но им побегнал: Филмска акција во Хрватска
Малолетниот престапник од Воспитно-поправниот дом во Хрватска, кој вчера побегна од полицајци во Риека додека одел на погреб, се уште не е вратен во Воспитно-поправниот дом.
Министерството во средата одговори дека управителот на воспитно-поправната установа веднаш го пријавил бегството на малолетникот во полициско одделение за да се преземат мерки, да се издаде налог и да се утврдат фактите поврзани со бегството.
Според медиумите, малолетниот затвореник од Воспитно-поправниот дом бил однесен на погребот во Риека во придружба на службеници од правосудната полиција и воспитувачи, но кога пристигнал на гробиштата излегол од возилото и почнал да бега. Судските службеници го фатиле, но потоа биле опколени од непознати лица кои вербално, а потоа и физички ги нападнале.
Група непознати лица наводно ги собориле полицајците на земја, а нападот завршил дури откако малолетникот побегнал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во хотел во Словенија, евакуирани 160 гости
Околу 1.30 часот избувнал пожар во еден од хотелите на Блед, Словенија.
Брзата помош ги евакуирала сите лица од хотелот, кои, според првите податоци, биле речиси 160. Три лица настрадале од вдишување чад и им била укажана помош на самото место, а потоа се префрлени на домашна нега. Пожарникарите го изгаснале пожарот нешто по три часа, а истрагата за причините за пожарот е во тек.
Како што објасни претставникот за односи со јавноста на полициската управа Крањ, Роланд Брајиќ, според првичните информации, пожарот избувнал во подрумот на хотелот. Според досега познатите информации, наводно изгорел дел од комплексот кај базенот.
Полицијата ги замоли луѓето при интервенцијата да не излегуваат на местото на настанот и да не се задржуваат во близина, а околните жители поради пожарот и чадот да ги затворат прозорците на своите станови и куќи.
Причината за пожарот сè уште не е позната и ќе биде предмет на дополнителна кривична истрага. Во пожарот е причинета голема материјална штета.
Регион
Двајца работници се повредени во експлозија во воената фабрика „Слобода“ во Чачак
Во воената фабрика „Слобода“ во Чачак, во централна Србија, одекна експлозија, при што се повредени двајца работници, од кои едниот има изгореници на телото, потврдија од компанијата.
РТС јавува дека 36-годишен работник добил изгореници на лицето и вратот и повреда на раката, а другиот, по прегледот, е отпуштен на домашно лекување.
Од болницата во Чачак потврдија дека работникот со изгореници е ставен на интензивна нега, а од компанијата „Слобода“ соопштија дека тој е во стабилна состојба.
„Утринава, во осум часот, дошло до технолошка експлозија на линијата на лабораторијата за артилериски гранати, во која се повредени двајца работници, на кои веднаш им била укажана лекарска помош“, соопштија од компанијата „Слобода“.
Пред три години во оваа фабрика се случија две експлозии со разлика од две недели кога беа повредени неколку работници.
Регион
14-годишник со закана со нож и електрошокер им одзел патики на тројца врсници во Белград
Полицијата во Белград го уапсила М. М. (14), кој заедно со своите двајца другари, во парк во Белград, со закана со нож и електрошокер одзел патики од малолетни момчиња.
Како што е познато, М. М. им пришол на момчињата Г. В. (13), Л. П. (12) и В. Ж. (14) и со закана со оружје побарал да ги соблечат новите патики. Имал поддршка од своите двајца пријатели.
Случајот е во надлежност на Вишото јавно обвинителство на Одделот за малолетници во Белград.
Неофицијално, малолетникот бил сослушан во присуство на родителите.