Спорт
Јувентус ја доби жалбата за расистичкиот инцидент со Лукаку
Јувентус ја добија жалбата за затварање на дел од трибините на „Алијанц стадионот“ за еден меч иако фановите на клубот од Торино расистички го навредуваа напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, потврди Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ).
Ова значи дека нема да има забранети зони на стадионот за неделното дерби против Наполи, а од ФИГЦ не дадоа објаснување за одлуката.
Инцидентот се случи при 1:1 ремито во првиот меч од полуфиналето на Копа Италија, кога Лукаку даде пенал во финишот на мечот, по што прославуваше пред навивачите кои го навредуваа и доби втор жолт картон. Хуан Квадрадо пак, доби три меча суспензија за судирот со голманот на Интер, Самир Хандановиќ, кој ќе паузира еден натпревар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Скола: Јунајтед требаше да го донесат Тухел, не Аморим
Легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Пол Сколс, смета дека клупските челници не го направиле најдобриот потег со одлуката да го назначи Рубен Аморим за нов тренер.
Раководството на Јунајтед го договори доаѓањето на Аморим и овој 39-годишен португалски стручњак ќе ги преземе „црвените ѓаволи“ по репрезентативната пауза.
Аморим ќе го наследи Ерик тен Хаг, кој беше отпуштен на почетокот на оваа недела откако клубот загуби со 2:1 од Вест Хем во неделата.
„Па, подобро еше да го донесат Тухел. Мислам дека Томас Тухел би бил вистинскиот тренер за Манчестер јунајтед, но сега е готово, тој е на клупата на Англија. Тухел е некој кој може да води елитен фудбалски клуб и да победува на големи натпревари. Тој веќе го покажа тоа“, изјави Сколс.
„Очигледно Аморим има харизма, но тој доаѓа од лига која е малку посилна од холандската. Ние не гледаме многу португалски фудбал во Англија, така што не знаеме премногу. Ги гледаме малку во Лигата на шампионите. Се што слушаме за него е добро, возбудлив фудбал, тројца во последната линија и посед, нешто што Јунајтед навистина не го прави. Ако успее да го примени тоа, би можело да биде возбудливо“, рече Сколс.
Спорт
Повредите го масакрираа Сити – Гвардиола остана без речиси целиот тим
Манчестер сити испадна од Лига купот, но „граѓаните“ се позагрижени за ситуацијата со повредите.
Дополнителна сенка на поразот од Тотенхем во Лондон оставија повредите на неколку важни играчи на Пеп Гвардиола.
Шпанскиот стручњак обично ги одмара клучните играчи во Лига купот, но во средата тој план беше нарушен веќе за време на загревањето.
На загревањето за натпреварот се повреди Мануел Аканџи, па наместо него мораше да игра Рубен Диаш.
Потоа во 63. минута тешко се повреди Савињо кој на носилки беше изнесен од теренот.
Тоа не беше крајот на проблемите на Сити против Тотенхем.
Јошко Гвардиол влезе на теренот како замена, а во финишот на натпреварот се фати за препоните и падна во близина на линијата.
Тој продолжи да игра до крајот, но штом судијата означи крај, лекарскиот тим на Сити истрча на теренот и му пружи долготрајна помош на најскапиот дефанзивец во историјата.
Тоа го забележаа и новинарите, па го прашаа тренерот на Манчестер сити за состојбата на Гвардиол.
„Не знам. Не разговарав со него. Сите правеа масажа, па тој беше зафатен. Беше премногу гужва. Така што не знам”, изјавил Шпанецот.
Заедно со Аканџи, Савињо и Гвардиол, од претходно се повредени Грилиш, Доку, Де Брујне, Вокер и Боб.
We are honestly fucked… Gvardiol injured now pic.twitter.com/WSouO6m9F4
— ً (@City_logy) October 30, 2024
Родри, најдобриот светски фудбалер во сезоната 2023/2024, на крајот на септември ја заврши тековната сезона поради повреда на коленото.
По Бурнмут, Сити на 5. ноември гостува во Лисабон во Спортинг во четвртото коло од Лигата на шампионите, а потоа на 9.ноември го чека натпреварот против Брајтон.
Спорт
Калиниќ: До кога вака? Плаќаме милион евра за да не крадат судиите
Црвена звезда доживе драматичен пораз во Каунас од Жалгирис 86:84. Натпреварот го обележа кошот за победа на Брајан Данстон. Впечатокот е дека кошот не е регуларен, постигнат е по истекот на времето.
Црвена звезда реагираше по натпреварот, директно до Евролигата се жалеше на судиите. Се чини дека тие и ја скроија победата за Жалгирис. Во последните пет минути имаа неколку одлуки на шетата на црвено-белите.
„Тажни сме, се боревме. Можеби не одигравме најдобро, но мислам дека заслуживме да победиме. Како и секогаш, судиите ги решаваат натпреварите со своите одлуки. Не знам до кога ова треба да се повторува. Не бараме да досудат нешто за нас, само бараме да се игра и да видиме кој е подобар. Колку нивните одлуки влијаеа? Натпреварот го загубивме со два поени, имаше три, четири одлуки кои директно одлучија“, изјави Калиниќ за „Спорт Клуб“.
Тој ја коментираше и ситуацијата во која Ален Смаилагиќ го удри со лакт во забите, а фаул доби кошаркарот на Жалгирис..
„Како да го доживеам? Некој удира со лакт в заби… Наместо неспортски и наш посед, добија тие кош и слободно фрлање. Тоа е одлука од седум, осум поени. За што зборуваме? После Недовиќ. Направи чист алеј-уп за Плавшиќ и му се суди некаков фаул во напад. Никогаш досега не сум видела на ваков начин да се реши натпревар. Не е моја работа, но до кога вака. Треба да бидеме подобри со 15 разлика за да победиме со два. Не е фер. Значи плаќаме милион евра да играме во Евролигата за да не крадат судиите“, заклучи Калиниќ.