Спорт
Ѓоковиќ откако се намачи против тинејџерот: Фала што му пушти на дедо!

Новак Ѓоковиќ, далеку потешко од очекувањата влезе во четврт-финалето на Српска опен во Бања Лука, мачејќи се со холандскиот тинејџер, Лук ван Еш, победувајќи со 6:7(4)/6:3/6:2 по повеќе од два и пол часа тенис.
„Ова е најспориот терен кој сум го видел, не можев да влезам убааво и секоја топка лесно се враќаше. Фатив ритам дури при крај на второт сет и имам среќа што победив. Атмосферата беше прекрасна и благодарам на сите кои навиваа за мене. Игравме речиси три часа тенис и вие бевте тука. Можеби звучи грдо, но не го познавав противникот. Тој е перспективен тенисер веќе го имаше победено Вавринка. Не бев на високо ниво и му честитам на бобата. Фала што пушти дедо како мене да победи денеска. Дедо во спортска смисла, не во животна. Има уште време за мене. Никогаш не се знае што може да се случи утре“, вели Ѓоковиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Милан испратиле понуда за Бонифејс

Италијанскиот гигант Милан до крајот на преодниот рок ќе донесе уште еден напаѓач, бидејќи во овој момент во тимот има само една класична „деветка“, Сантијаго Хименез.
Изминатите недели со Милан се поврзиваа Расмус Хојлунд од Манчестер јунајтед и Душан Влаховиќ од Јувентус.
Но како што сега стојат работите, ниту еден од нив нема да пристигне на „Сан Сиро“.
Италијанските медиуми вечерва објавија дека Милан испратиле официјална понуда до Баер Леверкузен за нигерискиот напаѓач Виктор Бонифејс (24). Според овие извори, Милан за се подготвени да им платат на „аптекарите“ околу 30 милиони евра отштета.
Наводно, челниците на Милан и Бонифејс веќе постигнале договор за платата, а се чека „зелено светло“ од германскиот клуб.
Нигериецот е во Баер од 2023 година, кога пристигна од Унион Берлин, а пред да дојде во Германија играше и за норвешки Бодо/Глимт, кипарски Лефке и нигериски Реал Сафир. Тој одигра 13 натпревари за нигериската репрезентација.
Спорт
Даглас Луиз се сели во Нотингем Форест

Играчот од средниот ред на Јувентус, Даглас Луиз (27), треба да го финализира својот трансфер во Нотингем Форест во следните неколку дена, објавија италијанските медиуми.
Бразилецот пристигна во „Старата дама“ пред една година од Астон Вила во трансфер вреден 51 милион евра. Тој помина пет сезони во Вила и постигна 22 гола и додаде 24 асистенции.
Јуве очекуваше многу од Бразилецот, но тој на крајот се покажа како големо разочарување и еден од најлошите трансфери во историјата на славниот клуб од Торино.
Ни Тијаго Мота, ни Игор Тудор не успеаја да го извлечат максимумот од Далглас Луиз.
Иако неговиот договор е важечки до јуни 2029 година, Јуве одлучи дека е најдобро да го продаде додека сè уште може да добие значителна отштета за него. Иако раководството на „Старата дама“ се надеваше на сума од 40 милиони евра, се чини дека ќе се согласат со понудените 30 милиони, тврдат италијанските медиуми.
Даглас Луиз треба да потпише петгодишен договор со „шумарите“, а би имал поголема плата отколку во италијанскиот клуб.
Спорт
Македонија со победа ги заврши мундијалските предквалификации

Кошаркарската репрезентација на Македонија со победа го заврши претквалификацискиот циклус за Светското првенство. Вечерва цо СРЦ Кале во Скопје, Македнија ја победи Унгарија со 82:75. Првата победа, забележана во последното коло, не беше доволна Македонија да влезе во мундијалските квалификации, таму ќе играат Романија и Унгарија.
Македонија одигра добар меч против Унгарците. Со исклучок на воведните минути, Македонија го контролираше натпреварот. По водството на Унгарија (12:15), Македонија одговори со серија од 11:0 и до крајот не го испушти водството.
Во последниот период Македонија ја достигна и највисоката предност од 17 поени (76:59).
Вајле ја предводеше Македонија со 23 поени, по 14 постигнаа Митревски и Ташковски.
Foto/ kfsm.mk