Македонија
Мицкоски се закани со кривични пријави за експертите што ќе работат на уставните измени
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го повтори ставот на партијата во однос на уставните измени. Нагласи дека Владата нема да ја добие поддршката од ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски потенцираше дека очекува да има одговорност од работната група, бидејќи ќе земаат само хонорар од народот, а нема да сработат ништо, повторувајќи го ставот на партијата дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да поддржи отворање на уставот.
„Очекувам одговорност бидејќи кога ќе дојде првиот чекор во парламентот а тоа е отпочнување на постапката и утврдување на потребата на отворање на Уставот да не успее. И тоа ќе биде уште една политика на Ковачевски која што не успеала, и потоа кривична одговорност за оние кои ќе земат хонорари од народот, а практично нема да сработат ништо бидејќи нивната работа е без предметна. Така што го повикувам Ковачевски да не биде кукавица, веднаш да ја достави иницијативата до парламентот и пратениците во парламентот да го дадат својот став по тоа прашање. Јас само можам исто така тоа што го кажа претседателот на СПМ дека коалицијата за Обнова на Македонија која што во парламентот брои 44 пратеника нема да ја поддржи оваа иницијатива за отворање на Уставот, рече тој.
Порача дека во државата има многу поважни проблеми со кои треба да се занимаваат.
„Коалицијата ‘За обнова на Македонија’ нема да ја поддржи оваа иницијатива за отворање на Уставот. Имаме поважни работи, нè крадат, здравството е катастрофа, децата немаат книги, дајте за тоа да зборуваме. Ова треба да го затвориме и да го игнорираме“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

