Македонија
(Видео) Тримчевска: Нервозата кај СДС, веројатно, е поради тоа што ќе нема маркичка за хотел во Лисиче како таа на мајката на Богоев
Политичките партии, кои се дел од власта, за жал, функционираат по принципот „секој ден нов коруптивен скандал“, па така „СДСМ корумпирана“ треба да биде новиот слоган со кој оваа политичка партија ќе излезе на следните избори, изјави на денешната прес-конференција Милка Тримчевска, советник во Советот на Општина Аеродром.
„Додека градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во услови на економска криза секојдневно реализираат проекти, единствено нешто што реализираат функционерите на СДСМ се коруптивни скандали поврзани со блиски роднини на раководството на партија. Јавноста е сведок, а медиумите во неколку наврати информираа за фактот дека мајката на Стефан Богоев е ‘случајниот купувач’ на земјиште, каде што таа треба да изгради луксузен хотел, а сопругата на Димитар Ковачевски е ‘среќниот купувач’, исто така на државно земјиште на кое набргу ќе бидат поставени фотоволтаици. Ова е типичен пример на корупција за која Државната комисија за спречување на корупцијата треба уште веднаш да отвори постапка.
И додека секојдневно се редат коруптивните скандали, партиските мегафони на СДСМ не престануваат да ја замајуваат јавноста со ширење лажни вести и дезинформации обидувајќи се вниманието на јавноста да го оттргнат од лошото и расипничко водење на државата. И, веројатно, единствено нешто што знаат да го прават од политичката партија на власт е да склучуваат договори, матни зделки, да ја лажат и манипулираат јавноста. Последниот во низата вакви обиди е пласирањето неточни информации поврзани со детаљниот урбанистички план во дел од населбата Лисиче, кој, напротив, се реализира целосно транспарентно и во согласност со законите и кој решава сериозни урбанистички проблеми на голем дел од жителите на овој дел од Аеродром. Градоначалникот Муцунски пред неколку дена на прес-конференција спомена, јас денес уште еднаш да потсетам дека иницијативата за изработка на овој ДУП е почната во време на претходниот градоначалник од редовите на СДСМ, и тоа целосно во согласност со законите и најтранспарентно продолжува да се реализира за време на градоначалникот Муцунски. Доколку СДСМ бара некаква одговорност, тоа најпрвин треба да го направи од своите функционери“, рече Тримчевска.
Таа додаде дека СДСМ, веројатно, очекувала во Лисиче да никне хотел како тој на мајката на Стефан Богоев или, пак, да се постават фотоволтаици како тие на сопругата на Димитар Ковачевски.
„Веројатно во тој случај тие ќе дадеа поддршка за завршување на овој проект. Наводната бетонизација во Лисиче за која тие се загрижени е само блеф, односно начин преку кој тие се обидуваат да ги забетонираат своите позиции во низата коруптивни зделки“, нагласи Тримчевска.
По завршување на законски предвидената постапката, истакна Тримчевска, граѓаните на Лисиче ќе добијат детален урбанистички план, во кој ќе бидат внесени голем дел од нивните забелешки и ќе ги реши голем дел од локалните и урбанистички проблеми со кои тие се соочуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Четириесет дена откако почина Панчо од „ДНК“, колегите од македонската сцена со трогателни пораки
Четириесет дена по смртта на Владимир Блажев, познат на јавноста како Панчо од хип-хоп дуото „ДНК“, социјалните мрежи повторно се исполнети со неговото име. Колегите, пријателите и неговите најблиски денеска споделија спомени, фотографии и емотивни пораки, покажувајќи колку силна празнина остави неговото заминување.
Една од најемотивните објави дојде од пејачката Ана Костадиновска, која долги години беше дел од придружните вокали на ДНК. Таа на Инстаграм сподели неколку заеднички моменти со Панчо, придружени со кратка, но искрена порака што допре многумина: „40 дена. Недостасуваш… Многу!“.
Фотoгрaфиите покажуваат сцени од настапи, патувања и задкулисни моменти – сведоштво за една силна професионална и пријателска врска.
Своја приказна сподели и Елена Ристеска. Таа објави стара фотографија од нивната прва успешна соработка, кога во 2016 година заедно освоија три награди на Македонскиот радиски фестивал – МАРС.
Пејачката Теа Трајковска, која исто така имала свои проекти со ДНК, сподели фотографија со Панчо, со кратка порака дека спомените вечно ќе останат живи.
Панчо, кој трагично ги загуби битките со тешките повреди по пожарот во дискотеката „Пулс“, останува силно присутен меѓу неговите колеги. Тој почина по тешка борба во болница со повредите кои ги доби во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Македонија
700 наместо 200 луѓе на концертот на Аца Лукас , СДСМ бара истрага и одговорност
СДСМ реагира поради приведувањето на српскиот пејач Аца Лукас, потенцирајќи дека на концертот имало преку 700 посетители во локал кој по закон не смее да прими ниту 200 лица. Според партијата, ова покажува дека и полицијата на Тошковски и општината на Митко Јанчев биле запознати со настанот, знаеле дека нема безбедносни услови за негово одржување, но не презеле ништо, дозволувајќи концертот да се случи, кој бил прекинат дури во текот на настанот.
Од СДСМ поставуваат повеќе прашања до надлежните: зошто настанот воопшто бил дозволен и биле пуштени 700 луѓе во ризик, зошто организаторите и сопственикот на локалот не се повикани на одговорност, дали дискотеката ги запазила сите прописи, и дали МВР не повторува ризични практики како во Кочани.
Според информации, полицијата го прекинала настанот дури после полноќ, во 00:10 часот, откако локалот со часови бил преполн.
СДСМ бара итна истрага и санкционирање на сите кои дозволиле да се одржи настанот, од МВР до организацијата, со повик до министерот Тошковски да излезе со одговорност.
Македонија
Владата ги отфрла тврдењата на опозицијата за наводна нетранспарентност околу ИПАРД
Владата категорично ги отфрла тврдењата на опозицијата за наводна нетранспарентност околу скандалот со ИПАРД програмата.
-Апсолутно го отфрлам ова тврдење дека се крие нешто во однос на таа постапка. Знаете дека сме максимално транспарентни, изјави на денешната прес-конференција портпаролката Марија Митева, одговарајќи на новинарски прашања.
Таа дополни дека очекува Министерството за земјоделство и сите надлежни институции, вклучително и судските органи кои постапуваат надвор од извршната власт, да ги дадат своите информации за состојбите.
Портпартолката на СДСМ Богданка Кузеска денеска на прес-конференција обвини дека „две недели по скандалот за ИПАРД, наместо да даде одговор на клучните прашања, министерот Цветан Трипуновски бега од одговорност, од вистината за суспензијата на парите а бега и од одговори“.
Средствата од ИПАРД 3 програмата (2021–2027) во Македонија се привремено суспендирани поради проблеми и сомнежи околу работењето на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, што предизвика прекин на исплатите како превентивна мерка за заштита на европските фондови.

