Спорт
ПСЖ нуди 80 милиони евра за Мајк Мањан

Францускиот првак Пари Сен Жермен подготвува голема реконструкција во летниот преоден рок. „Светците“ се заинтересирани и за голманот на Милан, Мајк Мањан.
Раководството на францускиот клуб е подготвено да плати огромни 80 милиони евра за да го доведе голманот на „росонерите“ во Париз.
Мајк Мањан е производ на младинската академија на ПСЖ, но беше продаден на Лил за само еден милион евра без да одигра ниту минута за првиот тим. Ова се случи во 2015 година, кога чуварот на мрежата имаше едвај 20 години.
Сега ПСЖ сака да го врати на голема врата, но тоа нема да биде лесна задача бидејќи 27-годишниот голман започа преговори за обновување на договорот со Милан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Момчето од Охрид, Чеди Осман го однесе ПАО на завршниот турнир

Кошаркарите на Панатинаикос се пласираа во завршниот турнир од Евролигата, откако го победија Ефес, во петтиот натпревар од серијата со 75:67. Панатинаикос на завршниот турнир во Абу Даби ќе ја брани титулата.
Панатинаикос го отвори натпреварот брилијантно. Со одлична одбрана, домашниот тим одговори на громогласната поддршка од своите навивачи од трибините, а Џеди Осман беше особено инспириран.
Екипата на Ергин Атаман одигра беспрекорна одбрана и го ограничи противникот на само 13 поени во првите 14 минути од играта.
Осман, во тој период, беше поефикасен од гостинскиот тим, а ПАО стекна предност од 23 поени. Гостите одговорија со серија од 13:0 и наговестија голема борба до самиот крај.
Не се предадоа гостите, но во вториот дел ПАО сите напади успеа да ги одбие.
Панатинаикос до победата го предводеше Чеди Осман со 28 поени и осум скока. Двоцифрени беа и Кендрик Нан со 12 поени, четири скока и пет асистенции, односно Џериен Грант со 11 поени, осум скока и три асистенции.
Кај Ефес се истакна Елајџа Брајант со 16 поени со четири скока и асистенции, а го следеше Шејн Ларкин со 11 поени, еден скок и четири асистенции.
Спорт
(Видео) Кевин Пантер трагичар, Монако оди на завршниот турнир

Кошаркарите на Монако ја победија Барселона со 85:84, ја доби серијата со 3:2 и се пласираа на завршниот турнир од Евролигата.
Брилијантен натпревар одиграа Монако и Барселона во „Гастон де Медесин“. Благодарение на Мајк Џејмс и Јоргос Папајанис, Монако пласира на Ф4, додека Барселона ќе жали за промашениот шут на Кевин Пантер во последните моменти од натпреварот.
Мајк Џејмс постигна 20 поени, имаше и еден скок со 5 асистенции, додека Јоргос Папајанис имаше 17 поени и 5 скока. Грчкиот центар беше „Икс фактор“, целосно изненадување за Барселона бидејќи поради повреда ги пропушти првите четири натпревари во оваа серија.
Друштво им правеше Алфа Дијало со 11 поени (сите во првото полувреме), а 11 постигна Метју Стразел, кој додаде 2 скока и 4 асистенции.
Во редовите на Барселона видовме 19 поени од Кевин Пантер кој имаше и 6 скока и 4 асистенции, додека Џастин Андерсон имаше 16 поени, 2 скока и 4 асистенции, Вили Ернангомез исто така имаше 16, а Јусуф Фал имаше 10 поени и 10 скока.
Монако на завршниот турнир, во полуфиналето на Ф4 турнирот ќе игра против Олимпијакос.
KEVIN PUNTER WITH THE CLUTCH THREE FOR THE FINAL FOUR… 🔥 pic.twitter.com/jyXclvAq2Q
— Euroleague Centel (@EuroleagueCT) May 6, 2025
Спорт
Рекордна заработка: Интер ги трие рацете пред реваншот со Барса

„Лудило“ се очекува на трибините на реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите во Милано помеѓу Интер и Барселона, а италијанскиот клуб веќе ги трие рацете кога е во прашање заработката од продажба на билети.
Фудбалерите на двата тима ја кренаа атмосферата до точка на вриење со спектакуларен резултат во првиот натпревар (3:3), а навивачите на „нероаѕурите“ најавија незаборавна кореографија.
Беа побарани повеќе билети, а стадионот „Ѓузепе Меача“ беше распродаден одамна (максималниот капацитет е 80.018 седишта).
Нема сомнение дека двата клуба сонуваат и сакаат да стигнат до финалето, а италијанските медиуми објавуваат дека Интер веќе може да биде задоволен кога станува збор за заработката. Само од продажба на билети, црно-сините ќе инкасираат 14 милиони евра, што е рекорден приход во италијанскиот фудбал.
Секако, заработката ќе биде уште поголема кога ќе се додадат приходите од рекламирање, ТВ права и сè друго. Дури и да стигнат до финалето.
Реваншот започнува во 21:00 часот.