Македонија
Демократски сојуз: Мораториум на проектот со Бехтел и Енка, додека не се објави договорот и не се изврши ревизија
Демократскиот сојуз инсистира Државниот завод за ревизија да изврши ревизија над досегашните активности во врска со изградбата на коридорите 8 и 10 д. Прво, дали потпишаниот Договор со „БЕХТЕЛ и ЕНКА“ е во согласност со позитивните законски прописи на Македонија. Второ, дали фирмите за консултации и надзор се избрани во согласност со законските решенија. Извештајот што ќе го подготви, Државниот завод за ревизија да го достави до сите пратеници, се вели во соопштението на Демократски сојуз..
Бидејќи претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, тврди дека Договорот со „БЕХТЕЛ и ЕНКА“ е во целосна согласност со основниот закон за изградба на коридорите кои го предложиле и изгласале самите пратеници, а тоа значи префрлање на одговорност врз пратениците, Демократскиот сојуз бара деветте (или осумте) закони кои пратениците ги поднесоа за усвојување во скратена постапка, да се повлечат и Владата да ги достави до Собранието во редовна постапка, велат од партијата.
Во меѓувреме, постигнатиот Договор со „БЕХТЕЛ и ЕНКА“ да се достави до сите пратеници и до јавноста, за да може да се направи анализа и стручна експертиза, додаваат од Демократски сојуз и велат дека доколку Владата и натаму инсистира на тоа дека договорот е класифициран, за тоа да се произнесе Дирекцијата за безбедност и класифицирани информации.
Демократски сојуз, како што стои во соопштението, до завршување на сите овие претходни активности, предлага да се стави мораториум на имплементацијата на овој стратешки проект.
Тие со индигнација ги отфрламе тезите на власта дека тие што наводно го оспоруваат овој проект, се против САД и ЕУ.
Јавно соопштуваме дека има сомнежи за корупција од големи размери и се додека не се обезбеди целосна транспарентност и ревизија на досегашните активности нема да поддржиме законски измени кои се резултат на веќе потпишаниот договор, за кој граѓаните треба да платат околу 2 милијарди евра, велат од Демократски сојуз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

